Зошто го сакаме Џони Деп?
Милиони жени на светот го обожаваат Џони Деп, а за овој огромен фан клуб не е задолжен само неговиот изглед, автентичен стил и личност во секоја смисла.
Еве уште неколку причини зошто го сакаме Џони Деп:
Тој е присутен на големото платно повеќе од 25 години и внимателно ги бира улогите. Успева да не воодушеви без разлика во каква улога ќе се најде – вампир, заводник или неверник.
Отсекогаш негувал ексцентричен стил на ноншалантен маж на кого мажите му завидуваат, а девојките сакаат да бидат со него.
Не крива дека во младоста имал проблеми со алкохол и таблети, но вели дека овие денови се далеку зад него благодарејќи на Ванеса Парадајс со која има две деца.
Тој е повлечен, за разлика од другите големи имиња на Холивуд, ужива во одржувањето на својот имот во Франција.
Неодамна изјави дека неговиот живот немал никаква смисла додека не добил деца.