Рецепт за среќни пријателства

recept-za-srekni-prijatelstva-povekjeБлагодарение на пријателствата во животот сме среќни. Добрите односи и блиските врски со драгите луѓе се најважен елемент за среќен и исполнет живот.


Кога сме окружени со блиските луѓе, се чувствуваме подобро.

Ова се 8 совети како да ги сочувате среќни пријателствата:

recept-za-srekni-prijatelstva

1. Добра комуникација. Бидете опуштени и искрени со пријателите. Важно е да размислувате и за туѓите чувства. Не значи да се согласувате за сè, но важно е да си ги почитувате мислењата.

2. Слушање. Понекогаш низ разговори повеќе размислуваме за тоа што ќе одговориме наместо да чуеме што ни зборува личноста спроти нас. Добриот слушател покажува дека му е важно она што го зборува пријателот.

3. Поминувајте време заедно. Иако во денешно време слободните моменти се ретки, прилагодете ги за да го одржувате пријателството.

4. Искреност. Искреноста гради доверба меѓу пријателите. Понекогаш можеби ќе кажете нешто што не сакаат да слушнат, но подобро е да сте на време искрени, отколку подоцна да се каете.

5. Ценете го доброто во пријателите. Секој има негативни особини, но пријателите во себе го познаваат она позитивното. Немојте да се обидувате да го менувате она што не ви се допаѓа.

6. Не осудувајте и внимателно со критиките. Сите сме различни личности со различно мислење за многу работи. Иако не секогаш се сложуваме со сечии одлуки, не смееме да ги осудуваме. Критиката мора да биде конструктивна.

7. Лојалност и поддршка. Пријателите се најголема поддршка во тешките моменти. Својата лојалност покажете ја со ислушување и разговор кога најмногу е потребно.

8. Смеење. Насмевката го краси денот и помага да ги пребродите најтешките моменти.

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: 12 докази дека помладите генерации се како од друга галаксија Купувањето онлајн станува попопуларно од пазарењето во продавница, а и барањето ...
Детали од секојдневието на Французите што ги бунат туристите Слично како нас, Французите се поздравуваат кога влегуваат во пекара или во лифт...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Најбогатото куче на светот живее во раскош - поседува вили и јахти, а на одмор оди со приватен авион Богатството го наследил од својот татко, а за него е снимена и серија на Нетфлик...
Чоколатца со грав и уште 9 работи што можете да ги видите само во Јапонија (фото) Автомати за сè, вклучувајќи и преливи за салати, како и тоалетни школки во лифто...
Брус Вилис и Деми Мур беа во брак – Настани кои се случија пред дури 35 години Пред 35 години, се емитуваше последната епизода од легендарната сапуница „Династ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg