Рај за мамурните
Каде би процветал бизнис за инстант спас од мамурлак, ако не во Вегас? Hangover Heaven е волшебен автобус каде влегувате дехидрирани, со убиствена...
...главоболка и упорно мумлајќи „никогаш веќе нема да пијам“, а по помалку од 1 час излегувате препородени и спремни за нова чашка :)
Основач на фирмата е доктор Jason Burke, анестезиолог кој сфаќа колку не е фер ви се уништи целиот ден само затоа што сте пиеле цела ноќ. Особено ако сте на одмор или викенд, времето за забава е скапоцена работа, па затоа од 8 до 15 часот вози неговиот син автобус подготвен да ве освежи за да продолжите со лумпување низ Лас Вегас.
Тој тврди дека не постои никаков ризик бидејќи терапијата се добива само откако медицински лица ќе ја разгледаат целата здравствена историја на кутриот мамурен клиент. Потоа следува волшебниот коктел-инфузија со чија помош наместо за вообичаениот период меѓу 4 и 48 часа, алкохолните последици испаруваат за само 20 минути.
Витамини, амино киселини и проверени безбедни лекарства ќе ве спасат од пеколот за само 90 долари, колку што чини основниот пакет во Hangover Heaven.