Плажа некогаш - немаше мобилни телефони, исцрпувачки фотосесии, ниту пластични операции
Плажа некогаш...
Нема огромен број на луѓе со прекумерна тежина.
Нема жени комплетно обликувани како по калап со пластични операции.
Нема мобилни телефони, па луѓето разговараат, се смеат и се поврзуваат меѓусебе.
Нема плаќање на вртоглави суми за лежалки.
Ниту „борба“ да се биде во прв ред и да се биде виден.
Нема ни милион видови на креми за сончање, изборот е мал и сè е поедноставно.
Нема „исцрпувачки“ фотосесии на плажа за да се биде виден.
Нема ништо...
А сепак – има сè.
Има насмевки.
Има уживање во мигот.
Има спонтаност.
Има скромност.
Плажа на реката Вардар во Скопје
Има ценење на работите.
Има прифаќање на другите, без осуда дали некој е т.н. „патлиџан турист“.
Порано помалку се глумеше, а повеќе се живееше и уживаше.
Па, дури и на плажа...
Се согласувате ли?
Прочитајте и „Викенди не можеше место да се најде“: Фотка од плажа на Вардар ги натера скопјани да ги отворат срцата
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





