Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 секојдневни навики кои можат да го променат изгледот на лицето и телото

Погрешно поставување на јазикот

Кога устата ви е затворена, врвот на јазикот треба да ви ги допира горните предни заби, а останатиот дел да биде на горниот дел од устата. Усните треба да ви се затворени и да дишете низ носот.

Ако јазикот ви е понапред од забите, со што и устата ви е малку отворена, со текот на времето во може да дојде до промена на лицето.

Слично како со дишењето низ уста, лицето може да изгледа подолго, долната вилица поповлечена навнатре, но и да се искриват забите, особено ако станува збор за дете во развој.

8-sekojdnevni-naviki-koi-imaat-vlijanie-vrz-izgledot-na-liceto-i-teloto-06.jpg

Постојано триење на забите

Јасно е дека триењето на забите ги оштетува самите заби, но може и многу да ги зајакне мускулите на вилицата, па лицето да ви делува пошироко.

Секако, овде е болката што може да се јави во вилицата.

Ако ги триете забите, консултирајте се со лекар кој ќе ви помогне да ја најдете причината и кој ќе ви помогне да се одвикнете.

8-sekojdnevni-naviki-koi-imaat-vlijanie-vrz-izgledot-na-liceto-i-teloto-07.jpg

Грицкање нокти и други предмети

Кога грицкате нокти или предмети како пенкало, ги оштетува забите,

Исто така, поради притисокот што го создавате, може дури и да ги искривите забите.

8-sekojdnevni-naviki-koi-imaat-vlijanie-vrz-izgledot-na-liceto-i-teloto-08.jpg

Долго користење цуцла

За бебињата, цуцлата е корисна, но препорачливо е да се одвикнат на возраст од шест месеци до две години.

Ако детето користи цуцла и потоа, може да му се искриват забите, кои тој период веќе растат, може да се промени формата на вилицата, но и да се јават проблеми во говорот.

8-sekojdnevni-naviki-koi-imaat-vlijanie-vrz-izgledot-na-liceto-i-teloto-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 навики со кои ширите негативна енергија (иако можеби немате таква намера) Нервозни движења и немир. Саркастичен или чуден хумор... Со кои однесувања ширит...
Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
10 навики кои имаат лоша репутација, но всушност се добри за вас Да се биде мрзелив од време на време и да не се прави ништо – понекогаш навистин...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg