Кои се 7-те жени кои смеат да носат бело на средба со папата + каков дрес код треба да почитуваат другите?
Иако дрес кодот за средба со папата денес е поопуштен од минатото, влијателните жени ја следат традицијата, па носат црно. Но, седум жени во светот имаат дозвола да носат бело. Кои се тие?
Кога некој оди во посета на папата, треба да следи одреден дрес код.
Додека овие правила во изминативе две-три децении се поопуштени, останува препораката жените да носат црно, најмногу од почит кон верата.
Порано се очекувало и мажите и жените да бидат посвечено облечени, но денес е прифатлива и полежерна облека.
Сепак, важно е облеката да биде скромна, па жените мора да ги покријат рамената, а ако носат фустан или здолниште, задолжително да им бидат покриени колената.
Мажите, од друга страна, треба да носат долги панталони, но ако сакаат да носат шорцови, и тие мора да имаат покриени колена.
И за двата пола е забранета облека што ги открива рамената, а забранети се и бејзбол капчиња.
Сепак, доколку е лето и средбата со папата е на отворено, дозволени се шешири со цел верниците да се заштитат од сонцето.
Што се однесува до бојата, до 1980-тите, за жените било задолжително при средба со папата да носат црно, најчесто црн фустан со црн вел од тантела.
Денес ова не е задолжително, но многу верници, вклучувајќи ги и моќните и влијателни жени, ја следат традицијата.
Но, има и исклучок од ова правило, познат како Privilège du blanc (привилегија на бело) кој се однесува на жени од католички кралски семејства.
Моментално само седум жени во светот спаѓаат во исклучокот: кралицата Софија од Шпанија, кралицата Паола од Белгија, Марија Тереза – војвотката од Луксембург, Шарлин – принцезата од Монако, Матилда – кралицата од Белгија, Летиција – кралицата на Шпанија, како и принцезата Марина од Савојската династија.
Како што веќе спомнавме, правилото, а со тоа и исклучокот денес се повеќе како препораки, но влијателните жени сепак ги следат.
Што носеа влијателните жени на средбите со папата Франциск?
Кралицата Камила
Нашата поранешна прва дама Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм Елизабета Ѓоргиевска
Кралицата Матилда од Белгија
Кралицата Ранија од Јордан
Принцезата Шарлин од Монако
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





