Мајките се суперхерои
Серијалот She Can Leap Tall Buildings е прекрасна ода за вистинските суперхерои, мајките. Сеќавајќи се на сите животни улоги што ги имала нејзината...
...мајка, фотографката Heidi Lender признава дека дури откако пораснала почнала да го сфаќа и цени неверојатното мајсторство потребно да се биде сопруга, мајка, вработена, готвачка, хостеса, семеен сметководител, тутор за пишување домашни, организатор и независна личност истовремено.
Херојскиот подвиг на мајката која со сите предизвици се справувала навидум без мака, не оптоварувајќи го детето со стрес и поплаки, ја поттикна идејата за She Can Leap Tall Buildings.
Самата Heidi ги одглуми главните улоги во кои мајките се транформираат во текот на денот, а серијалот е подарок за сите супержени на светот.
Љубовница
Организаторка
Фотографка
Мајка
Готвачка
Мајстор
Снабдувачка
Шетач на кучиња
Градинар
Јогин
Чистачка
Менаџерка
Перачка
И повторно љубовница
З.П. | Црнобело