„Разговарајте само за интересите на мажот“: Ретро совети за состанување, за сингл девојки
Не покажувајте емоции, не џвакајте мастика, не ја поправајте шминката – во минатото, жените морале да обрнуваат внимание на безброј ситници ако сакаат да му се допаднат на некој маж.
Во минатото, жените морале да исполнуваат навистина нереални стандарди.
Ако сакале да најдат партнер, морале да изгледаат беспрекорно, да внимаваат како седат, да не покажуваат емоции, да ги задоволат сите потреби и желби на мажот…
Доколку, пак, останеле сингл, биле гледани со потсмев и презир.
За среќа, денес правилата се променети и жените не треба да се претворат во друга личност за да освојат некого ниту, пак, мораат да се венчаат и да имаат семејство ако не го сакаат тоа.
Но, сигурно ве интересира кои биле очекувањата од жените во минатото.
Неколку совети за сингл девојки објавени во американски весник од 1930-тите:
„Не седете во чудни позиции – не изгледајте како да ви е здодевно, дури и ако ви е. Слушајте го мажот и ако морате да џвакате мастика (не е препорачливо), правете го тоа тивко, со затворена уста“
„Жените што не се однесуваат сериозно никогаш не им се допаѓаат на мажите. Не разговарајте додека танцувате бидејќи кога мажот танцува, тој сака само да танцува“
„Ако имате потреба од градник, носете. Не си ја местете облеката (пред мажот) и бидете внимателни чорапите да не ви се истуткани“
„Не си ја поправајте шминката на огледалото во автомобилот. На мажот му треба додека вози и се нервира ако треба да се врти за да погледне зад автомобилот“
„Не го допирајте мажот во јавност. Секое покажување нежност во јавност е невкусно и обично го посрамотува мажот“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





