Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мамела млади девојки да живеат со неа, па ги принудувала на проституција: Која е „најопасната жена на Инстаграм“?

И покрај тоа што била преплавена со работа, Ана не добивала пари од Кет и сфатила дека е третирана како роб.

Исплашена и сама, ѝ биле потребни три години пред да си замине од кај инфлуенсерката.

mamela-mladi-devojki-za-da-zhiveat-so-nea-pa-gi-prinuduval-na-prostitucija-koja-e-najopasnata-zhena-na-instagram-10.JPG

Потоа, во 2022 година, Кет се преселила во Тексас. Овој период, успеала да убеди неколку девојки да се вселат во нејзината куќа за да ѝ бидат асистентки и помошнички.

Една од овие девојки – Десире – исто така зборува во новиот документарец.

mamela-mladi-devojki-za-da-zhiveat-so-nea-pa-gi-prinuduval-na-prostitucija-koja-e-najopasnata-zhena-na-instagram-11.JPG

Таа вели дека Кет ги терала да се молат заедно и да изведуваат ритуали, а по некое време ја натерала Десире да почне да работи во стриптиз клуб.

Инфлуенсерката терала и други девојки да работа во стриптиз клубови и им ги земала парите, а потоа почнала да ги тера и да спијат со мажи за пари.

За да ги контролира, Кет им се заканувала дека ќе ги пријави за проституција, па ги држела како заложници.

mamela-mladi-devojki-za-da-zhiveat-so-nea-pa-gi-prinuduval-na-prostitucija-koja-e-najopasnata-zhena-na-instagram-09.JPG

Целосно ги изолирала од нивните семејства и ја злоупотребила нивната ранлива положба за да ги манипулира.

На оние кои дошле од странство им ги земала и патните исправи, па немале како да се вратат дома

Во меѓувреме, семејствата на дел од девојките биле загрижени бидејќи прекинале секаков контакт со нив, па почнале онлајн кампањи со надеж дека ќе ги лоцираат.

Кога Кет ги забележала кампањите, ги натерала исчезнатите девојки да снимаат видеа во кои апелираат од семејствата да не ги бараат.

mamela-mladi-devojki-za-da-zhiveat-so-nea-pa-gi-prinuduval-na-prostitucija-koja-e-najopasnata-zhena-na-instagram-06.JPG

Бидејќи сето ова се случувало онлајн, првата жртва на Кет, Ана, сфатила дека нешто не е во ред па решила веднаш да пријави во полиција за своето искуство.

По ова започнала меѓународна истрага во која се вклучиле и агенти од ФБИ.

Истрагата покажала дека исчезнатите жени отседнуваат во Тексас со Кет, каде што се експлоатирани и принудувани на проституција.

mamela-mladi-devojki-za-da-zhiveat-so-nea-pa-gi-prinuduval-na-prostitucija-koja-e-najopasnata-zhena-na-instagram-08.JPG

Кет била уапсена во 2022 година, по што била депортирана во Бразил. Во 2024 година доби 8-годишна затворска казна, иако до денес тврди дека е невина.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg