Мамела млади девојки да живеат со неа, па ги принудувала на проституција: Која е „најопасната жена на Инстаграм“?
Кет Торес се прослави откако беше фотографирана со Леонардо ди Каприо и тврдеше дека се гледале. На Инстаграм делеше совети за успех, пред да почне да мами девојки да живеат со неа, за потоа да ги експлоатира и да ги принудува на проституција. Денес излежува 8-годишна затворска казна за трговија со луѓе.
Кет Торес е поранешна инфлуенсерка која мамеше милиони свои следбеници дека потекнува од сиромашно семејство и самата успеала да се збогати.
Користејќи го своето „искуство“, таа продаваше онлајн курсеви со кои им ветуваше на своите следбеници рецепт за успех.
Но, ова е далеку од најголемиот скандал на инфлуенсерката – моментално таа одлежува затворска казна за трговија со луѓе и принудна проституција.
Неодамна, во документарецот Insta’s Fake Guru се огласија и дел од нејзините жртви кои открија вознемирувачки детали од нивното искуство со инфлуенсерката.
Неколку детали за злоделата на Кет:
Не е познато како точно изгледало детството на Кет, но таа тврди дека потекнува од сиромашно соседство во бразилскиот град Белем.
Почнала да работи како модел на само 12 години и активно барала ангажмани за да избега од сиромаштијата. Таа тврдеше и дека татко ѝ бил алкохоличар, што дополнително ѝ го отежнувало животот.
Според нејзините зборови, брзо станала позната и почнала да добива ангажмани и во други држави.
Кет првпат го привлече вниманието на јавноста во 2013-та, откако беше фотографирана со Леонардо ди Каприо.
Во медиумите почна да се шпекулира дека се пар, а подоцна Кет се огласи за да ги потврди.
„Се запознавме во Кан. Престојувавме во истата куќа додека траеше филмскиот фестивал. Навистина не знам ако успеале да нè фотографираат бидејќи имаше многу обезбедување…
Лео е прекрасен, но загрижена сум што ќе помисли за мене ако зборувам за него. Се договоривме да не кажуваме ништо за нашата врска“.
Леонардо, секако, никогаш не ја потврдил врската.
Но, петте минути слава ѝ помогнаа на Кет да го лансира својот Инстаграм профил и брзо собра илјадници следбеници.
Почна да соработува со бјути брендови и објавуваше мотивациски пораки, а по некое време издаде и книга за самопомош во која тврдеше дека „преминала планини“ за да успее во животот.
До 2017 година, Кет веќе имаше милиони следбеници, па почна да продава и курсеви со совети за бизнис, духовност и самопомош по цена од 700 долари годишно.
Таа нудеше и видеоповици за советување по цена од 150 долари преку кои запознала голем дел од нејзините жртви.
Според една од нејзините жртви, Ана, Кет имала толку големо влијание, што многу девојки, вклучувајќи ја и неа, не правеле ништо во животот без да се консултираат со инфлуенсерката.
Во меѓувреме, Кет самата воопшто не заработувала милиони и на некои блиски им кажала дека добивала пари од руски олигарх, но ова не е потврдено.
Ана често ги следела советите на Кет, почнале да комуницираат и полично, па инфлуенсерката ѝ понудила да ѝ стане лична асистентка.
Ана прифатила, но кога влегла во домот на Кет, сфатила дека е далеку од инфлуенсерката што ја гледа онлајн.
„Куќата беше валкана и не мирисаше добро. Кет не можеше да прави сама ни најобични работи – ни да се истушира. Морав постојано да ѝ зборувам бидејќи мразеше тишина“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





