Пропаднат кров, срушен балкон: Градежни грешки кои резултирале со трагедии
Срушен балкон во Чикаго
Во јуни 2003 година, во Чикаго се срушил балкон од станбена зграда, при што загинале 13 лица, а 57 биле повредени.
На балконот, кој бил направен од дрво, имало 50-тина луѓе кога се срушил.
Балконот бил на третиот кат, а кога паднал, ги срушил и балконите под него пред да заврши на земјата.
Околу 100 луѓе биле свлечени од балконите и само мал дел од нив поминале без никакви повреди.
Иако надлежните пробувале да ја префрлат вината на луѓето кои биле на балконот, тврдејќи дека направиле претовар, истрагата пронашла безброј грешки во изведбата на зградата кои биле важен фактор во несреќата.
Две лица кои биле одговорни за изградбата на зградата добиле парична казна, но никој не добил затворска казна.
Срушен кров на трговски центар во Рига, Летонија (Латвија)
На 21-ви ноември 2013 година, се срушил дел од кровот на трговскиот ценат Мaxima во градот Рига во Летонија.
Инцидентот резултирал со 54 смртни случаи и 41 повредено лице, а дел од присутните кои не бил повредени успеале сами да излезат од трговскиот центар.
Според очевидците, пред да се сруши кровот, се активирал противпожарен аларм. Според фирмата што го инсталирала, алармот веројатно се активирал од прашината од покривот кој дотогаш почнал да пука и да се руши.
Штом обезбедувањето сфатило дека нема пожар, не спровеле евакуација. Некои лица сепак го напуштиле центарот и сосема возможно е дека тоа и да ги спасило.
Познато е дека градежниот инженер кој работел на изградбата на центарот добил 6-годишна казна затвор бидејќи направил погрешни пресметки.
Не се знае дали и некој друг одговарал за инцидентот.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





