Артефакти и градби од Древен Египет кои го покажуваат раскошот на старата цивилизација (фото)
Фустан кој издржал 4.500 години, раскошни гробници, уникатен накит – древните Египќани биле многу пред своето време.
Древен Египет е стара цивилизација која се развила во долниот тек на реката Нил, односно на територија на денешен Египет.
Цивилизацијата настанала пред околу 7.000 години, и опстојала повеќе од три милениуми.
Во овој период, древните Египќани развиле свој систем на пишување, извонредна уметност и уникатна митологија, а за нивните градби и денес ни е тешко да поверуваме дека се направени без модерна технологија.
Низ годините, археолозите нашле бројни артефакти, гробници и градби од Древен Египет кои само ја потврдуваат величественоста на оваа стара цивилизација.
Иако има уште многу работи кои не ни се познати, Древен Египет важи за еден од најфасцинантните периоди од човечката историја.
Неколку артефакти и градби кои го потврдуваат ова:
Белегзија пронајдена во гробницата на Тутанкамон
Приврзок во форма на мачка направен од аметист
Златен прстен украсен со мачка
Сребрени белегзии кои ѝ припаѓале на египетска кралица
Палета со бои стара 3.400 години на која уште се гледаат остатоци од боите
Внатрешноста на гробницата на Рамзес Шести
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





