Дали би се откажале од секс на 1 година?
Кога некој би ви понудил да се откажете од секс на година дена во замена за патување на егзотична локација, покачување на платата или збогување...
...со кредити, дали би се согласиле?
А, што ако станува збор за 5 години? Токму ова прашање го поставиле во едно американско истражување и добиле интересни резултати.
71% од Американците би се откажале од секс на 1 година во замена за непрекинат пристап на Интернет.
Ова се другите најважни нешта за кои луѓето би се откажале од секс:
1. Осум часа сон, секој ден. Земајќи предвид дека голем број од Американците работат и повеќе од 60 часа неделно, не можеме да ги обвинуваме.
2. Уживање во храната без последици. Замислете да јадете што сакате и колку сакате, а килограмите да не се зголемуваат?
3. Бришење на долгот од кредитната картичка. Се би дале за свеж почеток на својата сметка.
4. Домашните работи. Една година без чистење, готвење, перење...сето ова да ве чека спремно на готово.
5. Посета на салони за убавина два пати неделно. Жените истиот момент би се откажале од секс само да можат барем 2 пати во неделата да си пружат професионална нега на косата, ноктите и кожата.
6. Две неделен одмор на Бермудите. Бесплатно излежување на песокот, окружени со палми, тиркизно море, коктели...
7. Кафе. 46% попрво би се откажале од секс отколку од утринското кафе.
8. 25 ласа во денот. Половина од испитаниците рекле дека еден час плус секој ден би бил покорисен отколку редовен сексуален однос.
9. Викендичка на брег на море. Далеку од остатокот на светот, без никакви проблеми, раат...
Дали постои нешто за кое вие би се откажале од секс на една година?