6 опасни професии од минатото за кои сме благодарни што веќе не постојат
Собирачи на пијавици, но и чистачи на средновековни тоалети, без канализација…
Како што се менува светот, се менува и потребата за разни професии.
Технологијата и автоматизацијата направија бројни работни места непотребни, а веројатно ќе видиме слична голема промени во блиска иднина, благодарение на вештачката интелигенција.
Додека денес можеби постои страв што технологијата ќе замени многу работни места, за некои професии од минатото треба да сме и благодарни што веќе не се неопходни.
Дел од најопасните професии кои постоеле во минатото:
Вратари во рудници за јаглен
Рударите кои ископувале јаглен имале мошне опасна работа, но можеби уште поопасно било за вратарите.
По цел ден, вратарите ги отворале и затворале вратите од рудникот за да ја контролираат циркулацијата на воздухот.
Со ова се спречувало таложење на опасни гасови во рудникот кои можеле да предизвикаат експлозија.
Бидејќи работата не барала физичка сила, но и бидејќи се работело во релативно помал простор, доста често оваа позиција им била доделувана на деца и тинејџери.
Собирачи на пијавици
Околу 19-тиот век, во Америка и Европа, пијавиците биле важни во медицината и не знаејќи за други лекови, тогашните лекари ги користеле за сè и сешто.
Па, побарувачката за пијавици била огромна и почнале да се појавуваа собирачи на пијавици.
Овие собирачи влегувале во вода со пијавици и ги оставале да се закачат за нив.
Целото искуство не само што е болно, па и одвратно, туку им го зголемувало ризикот од секакви болести.
Чистачи на (средновековни) тоалети
Во средновековна Европа, луѓето немале канализација и користеле таканаречени полски тоалети, а побогатите имале и специјални садови наместо тоалет кои неретко ги чувале во спалната.
Па, можете само да замислите каква задача имале тогашните чистачи на тоалети.
Покрај тоа, овие луѓе секогаш биле изложени на бројни болести и зарази бидејќи тогаш не знаеле дека треба да користат соодветна заштита.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





