Грешки со кои делувате како некултурен гостин во хотел (им ја отежнувате работата на хигиеничарите)
Ги диплите валканите крпи, оставате ѓубре насекаде – поради кои грешки може да делувате како некултурен и лош гостин во хотел?
Иако во хотел плаќате за собата, не значи дека не треба да следите некои правила, барем од учтивост.
Дел од нив во продолжение:
Немојте да ги диплите валканите крпи
Иако можеби мислите дека со ова помагате, ако уредно ги здиплите валканите крпи, хигиеничарите нема да знаат дали ви требаат нови.
Кога сакате нови крпи, оставете ги валканите на подот и тие ќе знаат дека треба да ги соберат.
Немојте да оставате бакшиш каде било
Ако оставите бакшиш на масата или каде било во хотелот, хигиеничарите најверојатно ќе помислат дека сте ги заборавиле или изгубиле парите.
Доколку сакате да им дадете бакшиш, дајте им го на рака, или ставете го во плико и на него напишете дека тоа се пари за бакшиш.
Немојте да го местите креветот
Во ред е малку да ја потсредите собата.
Но, нема потреба да го местите креветот бидејќи откако ќе си заминете, хигиеничарите секако ќе треба да ја сменат постелнината.
Соберете си го ѓубрето
Немојте да оставате ѓубре расфрлано низ хотелската соба.
Од рецепција можете да побарате вреќа за ѓубре и да соберете сè, па хигиеничарките потоа ќе ја фрлат.
Ова ќе ви одземе само минута-две и ќе оставите добар впечаток.
Проветрете ја собата
Проветрете ја собата барем малку пред да излезете.
Со ова ќе им помогнете на хигиеничарите бидејќи обично немаат многу време да проветруваат додека да дојдат другите гости.
Вратете ги работите каде што сте ги нашле
Далечинското од клима-уредот или телевизорот, чашите – потрудете се овие ситници да ги ставите барем на видно место.
Со ова ќе им заштедите време на хигиеничарите бидејќи ќе нема потреба да ги бараат низ собата.
Спирова С. | Црнобело