Традиции за Кинеска нова година кои се верува дека носат среќа (и вреди да ги пробате)
Направете врева
Уште од древно минато, Кинезите имаат традиција да прават врева ноќта кога слават Нова година, со цел да се избркаат злите духови.
Во модерно време обично користат огномети.
Не е препорачливо вие да користите огномети, но можете да направите врева со тропање на тенџере, на пример.
Облечете се во нешто ново
За да ве следи среќа, Кинеската нова година дочекајте ја во нова облека
Новата облека значи нов почеток и нова надеж за претстојната облека.
Најдобро во црвена боја, бидејќи се верува дека носи среќа.
Можете да одберете и друга светла боја, но избегнувајте бела бидејќи Кинезите носат бела на погреби.
Внимавајте да не скршите нешто
Кинезите веруваат дека ако скршите нешто, како чаша или чинија, на Кинеска нова година, тогаш ќе ве следи несреќа.
Бидете позитивни
Кинезите избегнуваат да плачат и да кажуваат „лоши“ зборови на Кинеска нова година, како „смрт“, „болест“ и слично.
Според верувањата, препорачливо е да се избегнува сè негативно, за годината да почне со оптимизам.
Спирова С. | Црнобело