Строги (и чудни) правила кои стражарите на кралската гарда во Англија мора да ги следат

Треба да внимаваат како паѓаат ако изгубат свест и од нив се очекува да стојат мирно, како статуи.

strogi-i-chudni-pravila-koi-strazharite-na-kralskata-garda-vo-anglija-mora-da-gi-sledat-01.jpg

Кралската гарда е едно од најпрепознатливите обележја на Британија и кралското семејство.

Со црвено-црните униформи и огромните капи, веројатно нема личност која не може да ги препознае.

Денес кралската гарда е повеќе како украсен елемент, но ова не значи дека оние кои се дел од неа не треба да следат некои правила, и тоа мошне строги.

Најлудите правила што ги следи кралската гарда:

Мора да внимаваат како паѓаат кога губат свест

Не така ретко се случува некој од кралската гарда да изгуби свест.

Сепак, тие стојат со часови, некогаш и на високи температури, па онесвестувањето е очекувано.

Но, мора да внимаваат како паѓаат кога губат свест.

Односно, мора да паднат кон напред, без да ги виткаат колената и без да пробуваат да се додржат на раце.

Ако, пак, држат нешто, како пушка, треба да внимаваат да не го испуштат, односно да паднат со пушката во рака.

strogi-i-chudni-pravila-koi-strazharite-na-kralskata-garda-vo-anglija-mora-da-gi-sledat-02.jpg

Не смеа да се смеат

Многу несовесни туристи пробуваат да ги насмеат стражарите од кралската гарда.

Но, тешко дека ќе успеат бидејќи стражарите не смеат да се смеат.

Во каква ситуација и да се, што и да слушаат што и да гледаат, тие не смеат да покажат ни мала насмевка.

Постојат гласини дека оние кои ќе се насмеат добиваат парична казна, но најверојатно ова се само шпекулации.

strogi-i-chudni-pravila-koi-strazharite-na-kralskata-garda-vo-anglija-mora-da-gi-sledat-03.jpg

Водат посебна грижа за своите униформи и капи

Униформите и капите на стражарите се скапи за изработка и се очекува да траат со години.

Неретко кога доаѓаат нови стражари, им се дава униформа од некој „пензиониран“ која е само преправена доколку била оштетена.

А, на стражарите останува да водат беспрекорна грижа за униформите.

Нивните капи се направени од крзно од мечка, па треба редовно да ги чистат, па и да ги чешлаат поради долгите влакна.

Чизмите, пак, секогаш треба да им се толку чисти, што сјаат, особено за важни кралски настани.

А, наводно, едно темелно чистење на чизмите може да трае и подолго од еден ден.

strogi-i-chudni-pravila-koi-strazharite-na-kralskata-garda-vo-anglija-mora-da-gi-sledat-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg