Работи што никако не смеете да ги правите во Северна Кореја како турист (бидејќи ќе завршите во затвор или логор)
Да гледате забранети филмови или серии
Власта строго контролира што гледаат луѓето во Северна Кореја, а она што е забрането за локалците е забрането и за туристите.
Генерално, во Северна Кореја се забранети сите филмови и серии од други држави, а казните можат да бидат особено строги.
На пример, во 2021 година, власта фатила личност која во Северна Кореја однела копија од хит-серијата Squid Game.
Личноста била осудена на смрт.
Истовремено, фатиле и седум студенти кои ја гледале серијата, а тие добиле казна затвор.
Северна Кореја неколкупати има забрането и свои филмови и серии и подоцна ги има казнето оние што ги гледале.
Па, за да бидете безбедни, најдобро не гледајте ништо додека сте таму.
Да слушате забранета музика
Штом се забранети филмовите и сериите, очекувано е да има и забрана за одредена музика.
Овде е забранета целата музика што потекнува од Јужна Кореја, а некогаш се забрануваат и севернокорејски песни, вклучувајќи и патриотски.
Ако слушате нешто од она што е забрането, веројатно ќе завршите во затвор.
Да носите забранета или несоодветна облека
Туристите мора да ги почитуваат правилата за облекување во Јужна Кореја.
На пример, маиците без ракави се забранети за сите, додека жените не смеат да носат здолниште кое е пократко од колената.
Мажите, пак, никако не смеат да пробаат да го копираат изгледот, односно стилот на Ким Џонг Ун.
Да пушите цигари во јавност (ако сте жена)
Пушењето цигари во Северна Кореја не е така ретка практика, но сепак е забрането на јавни површини.
А, жените се оние кои се соочуваат со построги казни ако бидат фатени бидејќи од нив се очекува да исполнуваат повисоки стандарди.
Според некои извори, жените можат да убедат уапсени и ако запалат цигара на место каде што е дозволено, а ова може да важи и за туристи.
Спирова С. | Црнобело