Работи што никако не смеете да ги правите во Северна Кореја како турист (бидејќи ќе завршите во затвор или логор)
Ако покажете непочитување на владејачкото семејство или се осмелите да гледате забранет фил или серија, сосема возможно е да завршите во затвор, па и логор за принудна работа во Северна Кореја.
Северна Кореја важи за една од најизолираните земји во светот.
Властите имаат строга контрола над секој аспект од животот на жителите и имаат забрането работи што нам ни се секојдневие.
Секако, овие забрани важат и за луѓето кои се осмелуваат да ја посетат земјата како туристи.
Што никако не смеете да правите во Северна Кореја?
Да скршнете од вашата туристичка рута
Можете да ја посетите Северна Кореја како турист, но ова патување нема да биде како да сте отишле во Париз или Прага.
Штом ќе слетате во земјата, ќе бидете во група со други туристи и водич и ќе треба строго да ја следите рутата.
На странците не им е дозволено слободно да шетаат низ државата и никако не смеат да ја напуштат нивната група.
Распоредот за посетата е одреден однапред, а туристите треба да го почитуваат правилникот што ќе го добијат.
Во минатото имало туристи кои биле уапсени бидејќи прекршиле и навидум мали правила, како внесување забранет предмет.
Да покажете непочитување кон владејачкото семејство
На некој начин, Ким Џон Ун, сегашниот владетел на Северна Кореја, е третиран како божество.
И, секој што стапнува во Северна Кореја мора да му покажува почит.
Истото важи и за неговите претходници, без разлика што се мртви.
Ако покажете и најмало непочитување, можете да завршите во затвор, па дури и да добиете смртна казна.
Додека во демократските земји, како кај нас, критикувањето на власта е нормално, па и очекувано, во Северна Кореја не смеете ни да оштетите фотографија од Ким Џон Ун или неговите претходници.
Да зборувате за вашата религија
Официјално, жителите на Северна Кореја имаат слобода да ја избира твојата религија.
Но, според некои извори, жителите немаат некоја слобода, а туристите често завршуваат зад решетки бидејќи ја спомнуваат својата религија.
На пример, доколку сте христијанин и со себе понесете Библија, но заборавите да ја пријавите, може да бидете уапсени.
Ако, пак, некој се посомнева дека пробувате да го пренесете учењето на вашата религија, затворската казна е неизбежна.
Да се јавите во друга држава без дозвола
Жителите на Северна Кореја се изолирани од светот.
Додека донекаде имаат слобода да користат телефон во државата, интернационалните повици се невозможни.
SIM картичките и телефоните достапни во Северна Кореја не можат да се користат за интернационални повици, па ако некој Кореец направи ваков повик, тоа значи дека нелегално внел телефон или картичка од Кина.
Бидејќи Кина е соседна земја, картичките оттаму можат да фатат мрежа и додека сте во Северна Кореја, ако сте доволно блиску до границата.
И, токму ова е казниво.
Телефоните на странците, пак, не можат да фатат мрежа, па ако турист сака да се јави надвор од државата, ќе мора да се консултира со надлежните.