Полноќно сонце, температури до -57˚C: Како изгледа животот на база на Антарктикот? (видео)
Градежниот инженер Мети Џордан има поминато вкупно 400 дена на Антарктикот, каде се наоѓа и моментално, а на социјалните мрежи редовно споделува видеа од неговото секојдневие на базата.
Мети Џордан е инженер со потекло од Австралија кој се прослави со видеата што ги објавува од неговите посети на Антарктикот.
Мети, кој живее во Нов Зеланд, е градежен инженер и веќе неколку години работи на проект за менување на инфраструктурата на база на Антарктикот.
Поради ова, во период од шест години, тој го посетил континентот осум пати и има поминато над 400 денови на тамошната база.
За себе вели дека веќе е експерт за поларни операции, а дефинитивно важи за еден од најпознатите луѓе кои биле на Антарктикот – само на ТикТoк има над 800.000 следбеници и над 27 милиони допаѓања на видеата.
Со објавите, Мети покажува како изгледа поларната ноќ на Антарктикот, но изведува и забавни експерименти, како ставање Кока-кола во чаша на -57 степени Целзиусови.
Дел од видеата на Мети:
„Полноќ е на Антарктикот и еве како изгледа денес. Сега имаме полноќно сонце. Сонцето само кружи на небото“
@mattykjordan This is what Antarctica looks like at midnight during 24 hour sun #antarctica #24hoursun #midnightsun
♬ original sound - Matty Jordan | Antarctica
„Денес на Антарктикот температурата е -57 степени Целзиусови и јас пробав да си ставам Кока-кола“
;@mattykjordan I tried to pour a can of coca cola in Antarctica. It was -57°c and it turns out im having frozen coke instead. #antarctica #antarctic #coke #cocacola #cola #cocacolachallenge #slushy #slushie
♬ original sound - Matty Jordan | Antarctica
„Прошетка на Антарктикот за време на ветровит викенд“
;@mattykjordan Walking in Antarctica #antarctica
♬ original sound - Matty Jordan | Antarctica
„Си направив пријател“
;@mattykjordan I made a new friend. #ghost #ghosts #ghould #halloween #antarctica #antartica #bedsheet #bed #sheet #frozen #friend
♬ original sound - Matty Jordan | Antarctica
„Дел од храната што ја јадев за време на првата недела на Антарктикот“
;@mattykjordan Food in Antarctica #antarctica
♬ original sound - Matty Jordan | Antarctica