Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Првата личност зачната со ин витро се родила во 1978 година – Зошто јавноста ги критикувала нејзините родители?

Раѓањето на Луис загрижило и неколку религиски фигури, како кардиналот Албино Лучиани (кој подоцна станува папата Јован Павле Први).

Имено, тој се плашел дека поради асистираното оплодување, жените ќе почнат да се користат како „фабрики за деца“ и ги предупредил лекарите да бидат внимателни со нивното ново откритие.

Сепак, јавно изјавил дека воопшто не ги осудува родителите кои само сакале да имаат дете.

prvata-lichnost-zachnata-so-in-vitro-se-rodila-vo-1978-godina-kade-e-i-shto-pravi-denes-02.JPGЛуис со родителите

Лесли и Џон добивале и многу писма од јавноста – дел со зборови за поддршка, но дел со критики, па и закани.

Британските таблоиди почнале да ја нарекуваат Луис „бебе од епрувета“, што дополнително ја поттикнувало омразата кај некои луѓе, но и ги поттикнувало да поставуваат многу прашања.

На пример, Луис открива дека нејзините соученици биле особено збунети, бидејќи не им било јасно како се одвива ин витро оплодувањето.

„Отсекогаш сум била поголем одете, па соучениците ме прашуваа како ме собрало во епруветата…“

prvata-lichnost-zachnata-so-in-vitro-se-rodila-vo-1978-godina-kade-e-i-shto-pravi-denes-2.JPGДокторот што доби Нобелова награда за процедурата ја држи Луис во раце

На Лесли и Џон не им било сеедно што биле во центарот на вниманието, но сметале дека не треба да го кријат „чудото од дете“ од јавноста.

Напротив, ја искористиле популарноста за да го нормализираат ин витро оплодувањето.

Подоцна, како возрасна личност, и Луис почнала да го прави истото и се залага за прифаќање на ин витро оплодувањето, но и сака да стане подостапно за сите.

prvata-lichnost-zachnata-so-in-vitro-se-rodila-vo-1978-godina-kade-e-i-shto-pravi-denes-07.JPGЛуис со родителите

Од 2004 година, Луис е во брак со сопругот Весли, а имаат и две деца. За разлика од родителите, Луис немала потреба од асистирано оплодување.

Родителите на Луис се веќе починати – татко во 2006-та, а мајка ѝ во 2012 година.

prvata-lichnost-zachnata-so-in-vitro-se-rodila-vo-1978-godina-kade-e-i-shto-pravi-denes-08.JPGЛуис со син ѝ, мајка ѝ и докторот нобеловец

Изненадувачки, но Луис до денес добива критики од јавноста, особен онлајн, но вели дека ова ја мотивира да продолжи да зборува за асистираното оплодување.

„Луѓето се злобни и неинформирани и пишуваат коментари секојпат кога има новост за мене.

Но, јас само го игнорирам“.

prvata-lichnost-zachnata-so-in-vitro-se-rodila-vo-1978-godina-kade-e-i-shto-pravi-denes-11.JPGЛуис со синовите

Неодамна, беше снимен и филм за првото успешно ин витро оплодување – Joy – а Луис присуствуваше на премиерата.

prvata-lichnost-zachnata-so-in-vitro-se-rodila-vo-1978-godina-kade-e-i-shto-pravi-denes-05.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg