Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност

„Силен/а си, ќе издржиш“

Кога ќе изгубиме некој, немаме избор освен да бидеме силни и да се справиме со смртта.

Немојте да кажувате ни работи како „Не знам како издржуваш“ или „Инспирација си што се држиш добро“.

Наместо тоа, подобро кажете дека личноста ја има вашата поддршка.

raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-nekoj-koj-taguva-za-smrt-na-sakana-lichnost-06.jpg

Прашања за тоа како починала личноста

Факт е дека ние луѓето сме љубопитни, но постои време и место за некои прашања.

Кога некој ќе загуби сакана личност, немојте да го прашувате како починала, најмалку на погребот.

Дозволете ѝ на личноста да се справи со загубата, па ако сака ќе ви открие што се случило.

raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-nekoj-koj-taguva-za-smrt-na-sakana-lichnost-07.jpg

„Не плачи“

Немојте да велите дека починатата личност не би сакала нејзините сакани да плачат и да бидат тажни.

Со ова никако нема да помогнете, туку само може да предизвикате гнев.

Нема ништо погрешно во плачењето, особено кога сме соочени со тежок период, како смртта на сакана личност.

Наместо тоа, речете ѝ на личноста дека треба да се исплаче ако сака и понудете ѝ прегратка.

raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-nekoj-koj-taguva-za-smrt-na-sakana-lichnost-08.jpg

„Млад/а си…“

Во случај кога некој ќе изгуби партнер или, пак, дете, никако немојте да го кажувате ова.

Само затоа што личноста е млада, не значи дека веднаш ќе ја преболи смртта и ќе најде нов партнер или ќе добие ново дете.

Ова е најлошата фраза што можете да ја кажете бидејќи ја банализирате загубата и кажувате дека некој друг може да ја замени починатата сакана личност.

raboti-koi-ne-treba-da-mu-gi-kazhete-na-nekoj-koj-taguva-za-smrt-na-sakana-lichnost08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Бон-тон правила за на маса и во ресторан што треба да ги знаат сите Ако ве поканат на гости, не останувајте долго откако ќе завршите со јадење, а ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg