10-те најскапи парфеми во светот – чинат и над 1 милион долари
Најскапиот парфем на познатиот бренд Chanel е познат како Grand Exraict, а шишенце од 30ml чини дури 4.200 долари.
Парфемите, првично создадени за да ги покријат непријатните мириси на телото, еволуирале до тој степен што некои од нив симболизираат луксуз, елегантност и софистицираност.
Едни од најскапите парфеми во светот, пак. доаѓаат во ограничени изданија, а некои се специјално направени по нарачка.
Главно, високата цена на најскапите парфеми се должи на нивните луксузни амбалажи кои неретко се украсени со злато и дијаманти.
10-те најскапи парфеми во светот:
Le Monde Sur Mesure – 1,5 милиони долари
Создадено од француска компанија во Париз, ова шише од пет килограми е по цена од неверојатни 1,5 милиони долари.
Шишето е украсено со 1.000 дијаманти и два килограми злато, што е најголемата причина за високата цена.
Le Monde Sur Mesure – 1,5 милиони долари
Друга креација од истата компанија.
Овој парфем е направен специјално за анонимно семејство од Блискиот Исток.
Продаден е за 1,5 милиони долари, а шишето има златен оклоп и е обложено со дијаманти.
Shumukh – 1,3 милиони долари
Произведен во ОБединетите Арапски Емирати од луксузниот бренд Nabeel, овој парфем чини 1,3 милиони долари.
Шишето е украсено со 3.571 дијамант, големи бисери, 5 килограми чисто сребро и 18-каратно злато.
DKNY Golden Million Dollar Fragrance bottle – 1 милион долари
Дизајниран од DKNY во соработка со дизајнерот на накит Мартин Кац, овој парфем е проценет на 1 милион американски долари.
Шишето е украсено 183 жолти сафири, 2.700 бели дијаманти, 15 розови дијаманти, 4 дијаманти со исечени рози, сафир, рубин, како и дијамант со роза во облик на круша.
Creed Royal Service – 1 милион долари
Ултралуксузниот парфем на Creed е по цена од 1 милион долари.
За разлика од останатите шишето е далеку поедноставно, но се изработува по нарачка.