Гради кои постојано растат
Рејчел Алдана е една од ретките припаднички на понежниот пол чие бујно деколте и пречи. Иако е горда на наградата за најголеми гради во Велика Британија...
...освоена во 2007 година, сега е многу загрижена затоа што од година на година нејзините гради стануваат се поголеми.
Рејчел (24) се жали како нејзините гради секоја година растат по еден број и дека во последно време чувствува зголемена болка во грбот. Сака да ги намали, но се плаши од операцијата.
„Страв ми е кога ќе помислам на хируршка интервенција, но ако продолжат да растат вака ќе морам да преземам нешто. Овој проблем го наследив од мојата мајка. Таа ги намали своите гради со операција. Многу е мачно да имате вакви две „чудовишта“ на себе кои постојано растат“ – вели младата Британка.
Нејзините гради се многу тешки па се плаши дека со времето ќе и прават и проблеми при одењето.
„Кога се шетам по улица мислам дека луѓето единствено тоа го забележуват на мене. Лекарите ми рекоа дека до сега требаше веќе да престанат да растат, и никој не може да ми одговори на прашањето- зошто се се’ поголеми. Не делуваат воопѓто природно“ – се пожалила Рејчел.
Постојано купува нови градници и троши цело богатство на истите.
„Мојот дечко Џон ме поддржува и никогаш не му пречеле моите гради. Но, кога се запознавме ми рече дека се исплашил затоа што никогаш порано не видел ништо слично.“