Секоја вечер е Нова година!
Што правевте за Нова година? Работевте? Не си поминавте убаво? Купивте скапо фустанче и немате прилика каде пак да го облечете? Би сакале ли...
...уште една шанса за пречек на оваа година? Нема да ви треба временска машина, единствено ќе треба да стигнете до ноќниот клуб Purga во Русија.
На ова место секоја ноќ е новогодишна, а идејата е толку популарна што по Санкт Петербург, се отвори Purga клуб и во Москва.
Заедничката еуфорија и празничната атмосфера се најубавите нешта кај дочекот на следната година, а со забавите во Purga го добивате токму тоа без дополнителни трошоци како купување подароци и украсување на домот.
Овде секоја вечер одново се создава новогодишната возбуда со многу празнични декорации, весели костими, интересни игри, караоке натпревари и неколку професионални актери ангажирани да ги развеселат присутните. Освен со Дедо Мраз, шампањ и жижици атмосферата се дополнува и со пуштање на новогодишната ТВ честитка од Путин.
Па ако е потребно да се слави Нова година за сите лица во клубот да бидат насмеани, опуштени и пријателски расположени се надеваме дека вакви лажни прослави ќе започнат и кај нас во Македонија.
З.П. | Црнобело