14 типови на манипулатори кои ве искористуваат без да сте свесни, низ илустрации

Свекрви манипулатори

Многу често се случува родителите на партнерот, или свекрвата да сака да манипулира со снаата, па и со сопственото дете.

Тие сметаат дека прават сè што е најдобро за нивните деца со постојано мешање, но не се ниту свесни дека на тој начин може да им го разнишаат стабилниот брак.

Го наметнуваат сопственото мислење, делат совети, солат памет…

Тие секогаш знаат што е најдобро да се направи, но за да се справите со нив, најдобро би било да им ставите до знаење дека вие сте друго семејство и дека вие сами одлучувате што треба да правите.

14-tipovi-na-manipulatori-shto-gi-srekjavate-sekojdnevno-niz-ilustracii-09.jpg

Манипулатори кои ве обвинуваат за сопствените грешки

За жал постојат манипулатори кои често знаат да ги обвинуваат другите за сопствените грешки.

Реагираат импулсивно, а потоа се чувствуваат виновни за последиците, но наместо себе, ги обвинуваат сите останати за нивните грешки.

На овој начин се обидуваат вината да ја префрлат на друг и да не преземат одговорност за сопственото однесување.

Неопходно е да научите да им се спротивставите на таквите манипулатори и да не се плашите од нив.

14-tipovi-na-manipulatori-shto-gi-srekjavate-sekojdnevno-niz-ilustracii-15.jpg

Манипулатори што ве купуваат со подароци

На сите може да ни се случи да имаме недоразбирања и конфликти, а често откако штетата во односот ќе се направи тешко е да се санира.

Постојат манипулатори што сметаат дека партнерот ќе им прости ако го опсипуваат со подароци, па така тоа станува обид за да се манипулира со вашите емоции и со чувството на благодарност.

Најдобро што можете да направите е да го одбиете подарокот и да им кажете како се чувствувате.

14-tipovi-na-manipulatori-shto-gi-srekjavate-sekojdnevno-niz-ilustracii-16.jpg

Манипулатори што ве убедуваат со фразата: „Подобро би било…“

Овие манипулатори често ги користат вашите морални вредности, љубов и емоции за да го контролираат вашето однесување.

Најдобро што можете да направите со ваквите манипулатори е да им возвратите во иста мера, или да најдете компромис што ќе ви одговара и вам.

14-tipovi-na-manipulatori-shto-gi-srekjavate-sekojdnevno-niz-ilustracii-12.jpg

Манипулатори што ве уценуваат со семејството

Овие манипулатори често знаат да ве убедат дека ви е потребно да добиете деца за да бидете среќни и да се обидат да ви ги наметнат сопствените сфаќања иако можеби вам тоа не ви се допаѓа.

Размислете прво дали и самите сте подготвени за таков чекор. Не избрзувајте со одлуки, ако не сте сигурни.

14-tipovi-na-manipulatori-shto-gi-srekjavate-sekojdnevno-niz-ilustracii-06.jpg

Манипулатори што постојано сакаат да ви нагласат колку се важни

Ако работите за манипулатор, често може да ви се случи да се соочувате со предизвици. Тој ќе ја користи секоја ваша задача и обврска за да ве потсети кој е главен, да ве критикува и да ве натера да се чувствувате виновни.

Секако, во таквиот однос, вие како вработени немате право на збор.

За да се заштитите себеси, секогаш е добро да му укажете на шефот кога ви дава задача што не е во ваш домен и да му се спротивставите.

Добро би било и вие еднаш да кажете: „Не сум платен за тоа …“

14-tipovi-na-manipulatori-shto-gi-srekjavate-sekojdnevno-niz-ilustracii-13.jpg

Манипулатори кои се возрасни деца

Честопати се случува децата да одбиваат да пораснат, па родителите да мораат да се грижат за нив, како сè уште да се деца.

Ова не носи ништо добро ниту за родителите, ниту пак за децата. Ако забележите дека детето се обидува да ве манипулира, добро би било да го натерате да се освести и да преземе одговорност за сопствениот живот.

14-tipovi-na-manipulatori-shto-gi-srekjavate-sekojdnevno-niz-ilustracii-14.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg