Емотикони што ве издаваат дека сте повозрасни (а за помладите се навредливи)
Кои други емотикони се користат почесто од повозрасните, а не се користат од помладите генерации?
Лице со насмевка што се поти
За повозрасните ова е емотикон што се користи кога сакаат да кажат дека им е топло и се потат, за помладите пак, тој емотикон укажува дека се под стрес, но сепак се чувствуваат добро.
Превртено лице што се смее
За постарите, овој емотикон се користи за нешто што значи сарказам или што е умерено смешно. За помладите пак, ова е знак дека тоа што го гледаат е „ужасно“.
Исто така, се користи и кога личноста сака да каже дека денот е ужасен и ништо не оди како што треба.
Црвено срце
Уште од мали нè учеа дека црвеното срце значи: „те сакам“.
Но, за помладите генерации, црвеното срце добива ново значење. Тие го спојуваат со зборот „Не“ за да кажат „Не, благодарам“.
Така што ако некој помлад ви одговори со не и срце, тоа не значи дека не ве сака, туку дека не му се допаѓа идејата.
Бакнежи
Ако некој помлад ви одговори со овој емотикон, тоа не значи дека ви праќа бакнежи, туку дека му се допаѓа тоа што му го предлагате.
Раце што се молат
За оние што се многу постари, ова е емотикон што укажува дека се молат за нешто, за милениумците ова требаше да означува „дај пет“, односно поздрав, а за генерација Z, овој емотикон се користи за да ви кажат „благодарам“ или да покажат дека навистина се надеваат дека нешто ќе им се оствари.
Б. С. Б. | Црнобело / фото: freepik.com