Ново поглавје во животот на CRNOBELO.com
Од вчера започнавме ново т.н. „поглавје“ во животот на CRNOBELO.com – форум. Јас учев средно во Корчагин. Во тоа време акутелен беше форумот...
...на веб страната на РЈК. Се пишуваше и оговараше за сè и сешто.
Во овој период живна комуникацијата меѓу класовите. Поедноставно се организираше кафана, се споделуваа прашања од тестови, се создаваа нови пријателства… убави спомени...но, да се вратиме на темата.
Зошто ние се решивме за форум?
Она што ни е важно е комуникацијата со вас – нашите редовни посетители, читатели, критичари. Сега, освен преку коментари на статиите и e-mail имате можност да бидете дел од CRNOBELO.com и преку форумот.
На форуми се стекнуваат нови пријателства, знаења, интереси, се раѓа по некоја љубов, се споделуваат мислења, се критикува околината, се даваат совети, фидбек, се поминува слободното време.
Дури и во среде ноќ кога немате со кого да се дружите, сигурни сме дека ќе најдете друштво овде.
За почеток одбравме неколку актуелни теми кои ќе се прошируваат секојдневно и со ваша помош.
Однапред ви благодариме на поддршката и се надеваме дека ќе создадеме катче каде секој ќе сака да сподели дел од своето скапоцено време.
Регистрирајте се и станете почесен член овде: http://forum.crnobelo.com/
Од срце,
Тимот на CRNOBELO.com