Необични детали од секојдневието во Јапонија што ги бунат туристите
-->
Тоалети во лифтовите во случај некој да биде заглавен поради земјотрес, но и вагони во метрото наменети исклучиво за жени.
Секоја земја е уникатна на свој начин, но според многумина Јапонија се истакнува над скоро сите.
-->
Покрај богата историја и култура, и модерниот начин на живот во Јапонија постојано ги буни странците и туристите.
Неколку ситници од секојдневието на Јапонците што ја покажуваат уникатноста на оваа земја:
Ако имате тетоважа, препорачливо е да ја скриете кога ќе одите во Јапонија. Тетоважите не се нелегални, но многумина ги поврзуваат со озлогласената криминална организација Јакуза, па и Јапонците кои се тетовирани, настојуваат да ги кријат кога се во јавност.
Кога влегуваат во училиштето, учениците мора да ги соблечат чевлите со коишто дошле и да облечат чисти чевли. Ова правило важи за секој кој ќе влезе во училиштето, вклучувајќи ги и родителите.
Бидејќи земјотресите се честа појава во Јапонија, неретко луѓето се заглавени во лифтови. А, за таквите ситуации, во многу лифтови има инсталирано тоалетот „за итни случаи“. Некогаш покрај тоалетот, има и храна и вода, во случај личноста да е заглавена подолг период.
-->
-->
Јапонците ги гледаат милениците како свои деца, па не е реткост да видите како некој си го шета кучето (па и мачката) во количка.
-->
Според јапонската култура, неучтиво е да се навалите на масата додека јадете. Поради ова, кога оброкот им овозможува, Јапонци ја држат чинијата во рака додека јадат.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме
Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи
Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи
Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат
Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр...
Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од...
Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
-->