Кафе - вотка
Ја сакате аромата на кафето, ама уживате и во чаша вотка? Наш предлог е да ги споите двете задоволства во еден уште поинтересен пијалок...
...вотка со вкус на кафе!
- 200-250ml сварено еспресо или јако нес кафе
- 450 грама шеќер
- 500ml квалитетна вотка
- 1 мала лажичка екстракт од ванила
Загрејте го свареното кафе и мешајќи додавајте една по една лажичка шеќер додека целиот не се стопи во кафето.
Тргнете го од рингла и оставете да се олади. Во ладната течност ставете ја вотката и ванилата.
Течноста истурете ја во стаклено шише (или тегла) и чувајте ја на темно суво место барем 48 часа. Колку подолго се чува, толку подобар ќе биде вкусот.
Пред употреба процедете ја течноста низ цедилка и чувајте ја во стаклено шише. (Ако сметате дека нема потреба само протресете го шишето пред употреба).
Готовиот пијалок може да се користи во коктели, кафиња, десерти, а секако може и да се испие :)