Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите)

Најдолго играње видеоигри без прекин

Видеоигрите се забавно хоби, но умереноста е многу важна. Денес постои и зависност од видеоигри за која е потребна помош од професионалец.

Но, зависноста на Кори Бреаден од Канада му помогнала да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Кори јa играл популарната игра Call of Duty дури 145 часа и 29 минути без престан – речиси шест дена.

На секои 60 минути, тој правел кратка 10-минутна пауза и повторно ѝ се враќал на играта.

Подвигот на Кори не е официјално признаен од Гинис, но тој бил вклучен во живо на платформата Twitch, што докажува дека навистина играл 145 часа.

А, долгото играње не поминало без последици – покрај нездравата исхрана, тој вели дека чувствувал сериозни болки во дланките, а му се појавиле и плускавици.

najbizarnite-rekordi-vo-svetot-koi-ne-treba-da-probate-da-gi-srushite-06.jpg

Преживување најмногу удари од гром

Ова е рекорд кој секако не бил срушен намерно, но сепак постои.

Рој Суливан од Вирџинија бил удрен од гром дури седумпати и го преживеал секој инцидент.

Тој работел како ренџер во национален парк каде што првпат бил удрен во 1942 година, а во текот на животот имал уште шест слични инциденти.

Иако скоро секогаш имал повреди, животот не му бил во опасност.

Како ова да не било доволно, Рој бил нападнат и од мечка, а го преживеал и тоа.

Починал во 1983-та, како што веќе претпоставувате, на бизарен начин – самиот се застрелал во главата, но ненамерно.

najbizarnite-rekordi-vo-svetot-koi-ne-treba-da-probate-da-gi-srushite-07.jpg

Најдолг период без спиење

Ова е можеби најопасниот рекорд на листава бидејќи може да резултира со сериозни последици по менталното здравје.

Не знаеме со сигурност колку долго човекот може да издржи без сон, но по само две-три ноќи, се јавуваат проблеми со менталното здравје, дури и халуцинации.

А, рекордот за најдолг период без спиење изнесува дури 543 часа и 40 минути, односно речиси 18 дена.

Рекордот го срушил Роберт Мекдоналд во 1986 година.

Изненадувачки, но тој не почувствувал некои сериозни последици по здравјето, единствено изјавил дека во 19-те дена ослабел, не можел да размислува нормално и имал проблеми со сеќавањето.

Во Гинисовата книга на рекорди повеќе не постои оваа категорија бидејќи е премногу опасна.

Сепак, дури и од Гинис дебатираат дали подвигот на Роберт е заслужен за рекорд бидејќи не била следена неговата мозочна активност.

Односно, сосема возможно е тој да имал епизоди на таканаречено микроспиење - период на спиење кој трае само неколу секунди.

Во тој случај, рекордот би му припаѓал на Ранди Гарднер кој бил буден 11 дена и 24 минути.

najbizarnite-rekordi-vo-svetot-koi-ne-treba-da-probate-da-gi-srushite-08.jpg

Највалканиот човек во светот

Амоу Хаџи ќе остане запомнет како највалканиот човек во светот бидејќи се немал избањато повеќе од 60 години.

Амоу од Иран почина во 2022-ра, на 94 години и до последниот ден од животот не употребил вода и сапун.

Во изјави за медиумите, тој открил дека се плашел дека од бањањето ќе се разболи.

Негови соселани, пак, имале изјавено дека имал мошне тешко и проблематично детство и одовде произлегувала неговата аверзија кон вода.

Иако хигиената е клучна за здравјето, се чини дека ова не важело за Амоу чиј живот траел скоро цел век.

najbizarnite-rekordi-vo-svetot-koi-ne-treba-da-probate-da-gi-srushite-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg