Митови за преживување во кои веруваме заради филмовите, а не треба
Ако се загубите држете се до течението на реката, само така ќе најдете цивилизација
Можеби ќе најдете цивилизација затоа што е познато дека луѓето секогаш се населувале покрај водените површини, но не знаете кога, ниту колку време ќе ви треба да стигнете, а најверојатно со себе нема да имате храна, ниту пак ќе имате засолниште.
Ако се загубите, најдобро е да останете таму каде што сте. На тој начин спасувачите многу полесно ќе ве најдат и нема да мора да талкаат по вас во дивината.
Подобро е да носите мокра облека, отколку да сте голи
Замислете дека температурите опаѓаат под нула, а вие носите мокра облека.
Така многу побрзо ќе ви се намали телесната температура, затоа што телото ќе се труди да ја стопли прво облеката и да ве заштити од надворешниот студ, а не внатрешните органи.
Прво што треба да најдете во пустина е вода
Не. Прво што треба да најдете е засолниште од сонцето и да почекате да залади, за да не ги потрошите резервите со вода во телото.
Кога ќе стане постудено можете да барате ѕвезди, цивилизација, вода или интернет...
Секогаш треба да ја штедите водата
Ако сте жедни, неопходно е да одморите, да седнете во сенка и да се напиете вода. Ако сте изложени на сонце и не пиете вода, само ризикувате да добиете мозочен удар или да се онесвестите.
Иронично, ќе имате резервна вода, но нема да можете да ја испиете.
Б. С. Б. | Црнобело