Кога мајките лечат фрустрации на децата...
Toddlers & Tiaras е едно од најконтроверзните реални шоу емисии во Америка. Моментално во САД се прикажува петтата сезона, а во секоја епизода се...
...прикажува бизарниот свет на мајки кои сакаат да ги направат своите ќерки да бидат модели. До тој степен што девојчиња од 4-5 години ги носат на депилација, во солариум, им ставаат вештачки нокти, им ги избелуваат забите и им ги фарбаат косите.
Секако, неизбежна е и комплетна сценска шминка, и вложуваат по илјадници долари во подготовка за натпреварот.
Интересно е што секоја мајка, чие дете е учесник во шоуто има проблеми со вишокот килограми и не изгледа ниту малку репрезентативно.
Заради ова многу психолози сметаат дека мајките ги лечат своите фрустрации и амбиции преку ќерките без да штедат.
Како ви изгледа вам?