Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме

Мажите не треба да се жалат

Ова е мошне токсичен стереотип според кој мажите не треба да се жалат ни за физичка, ни за емотивна болка.

Жалењето за болка, па и каков било проблем, не е знак на слабост и треба да престанеме да ги условуваме мажите „да страдаат во тишина“.

niz-ilustracii-stereotipi-za-mazhite-i-zhenite-koi-e-vreme-da-gi-zaboravime-07.jpg

Сите убави жени се материјалисти

Само затоа што жената изгледа убаво, се облекува убаво и води грижа за себе, не значи дека е на мисија да си најде богат партнер.

Постојат и мажи и жени за кои најважно нешто се материјалните работи, но ова нема никаква врска со нивниот изглед.

niz-ilustracii-stereotipi-za-mazhite-i-zhenite-koi-e-vreme-da-gi-zaboravime-08.jpg

Убавите жени се глупави

Многу жени биле потценувани, неретко и од други жени, само поради нивниот изглед.

Интелигенцијата и изгледот не се воопшто поврзани и само затоа што некоја жена е атрактивна, не значи дека е глупава.

Што значи, мора да престанеме да судиме според изгледот.

niz-ilustracii-stereotipi-za-mazhite-i-zhenite-koi-e-vreme-da-gi-zaboravime-09.jpg

Жените сонуваат за брак, а мажите за слобода

Со овој стереотип, како да се губи смислата на бракот.

Ако секој маж сонува да биде „вечен ерген“, тогаш зошто воопшто мажите стапуваат во брак?

Постојат мажи кои сакаат да стапат во брак, како и мажи кои не сакаат.

Истото важи и за жените.

niz-ilustracii-stereotipi-za-mazhite-i-zhenite-koi-e-vreme-da-gi-zaboravime-10.jpg

Постојат „машки“ и „женски“ професии

За жал, уште живееме во општество каде што професиите се делат на „машки“ и „женски“.

Ако сака, секој маж може да биде козметичар, а секоја жена да биде автомеханичар.

Полот нема влијание врз тоа колку добро ќе си ја завршат работата.

niz-ilustracii-stereotipi-za-mazhite-i-zhenite-koi-e-vreme-da-gi-zaboravime-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Фотки кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото (и ќе ве расположат) Принцезата Дијана се ракува со маж болен од СИДА, Марлон Брандо го одбива Оскаро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg