Топло бело чоколадо

toplo-belo-cokolado-povekjeТоплото чоколадо е едно од најслатките зимски задоволства. Белото чоколадо особено ќе им се допадне на оние кои како мали ја јадеа само белата...


...половина од еурокремот, но и на останатите кои сакаат мала промена од стандардниот темен пијалок.

toplo-belo-cokolado

Потребно за 600 ml топло чоколадо:

  • 250 ml слатка павлака
  • 100 грама бело чоколадо
  • 300 ml млеко

За посилен вкус ставете уште 100 грама бело чоколадо, а ако сакате погуст пијалок користете двојно помалку млеко.
По вкус: неколку капки екстракт од ванила, цимет, мускатно оревче...

Ставете ја слатката павлака во длабок сад (препорачливо на пареа) и во неа топете го чоколадото со постојано мешање додека не почне да врие. Тргнете го од рингла, додајте ванила и зачини по желба, промешајте и додајте го млекото. Вратете го садот на рингла да зоврие уште еднаш, повремено промешувајте.

По желба украсете со шлаг, рендано чоколадо и цимет. Се служи врело.

Уживајте! 

Би можело да ве интересира:

Сериски убијци кои биле пуштени од затвор и денес се на слобода Некои сериски убијци биле пуштени од затвор поради добро однесување, а некои, ед...
12 пара обетки во златна боја (под 90 денари) од Temu Oд минималистички солзи до големи цветови и апстрактни форми, листа со обетки во...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
13 мали потези со кои луѓето секојдневно придонесуваат за подобро општество - Ги правите ли и вие? Гледам на страна кога некој на банкомат си ја внесува лозинката. Секогаш ја враќ...
Телото му се распаѓало од радијација, поминал 83 дена во агонија: Вознемирувачки детали за најболнат... Во 1999 година, Јапонецот Хисаши Оучи ја искусил можеби најболната смрт. Откако ...
12 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Не поставувајте лични прашања и немојте да одите преку ред, дури и ако „само сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg