Како да препознаете оригинален Victoria’s Secret спреј за тело и уште 5 други производи?

Colossal Volumе Express маскара на Maybelline

Станува збор за маскара што е меѓу омилените кај дамите во светот, а освен што можете да ја купите во продавниците за шминка и парфимериите, често се случува „истата“ маскара да ја најдете и на тезги по сомнително ниска цена.

Ако ги ставите една до друга оригиналот и копијата веднаш ќе забележите дека има огромна разлика во фонтот и дека кај оригиналот буквите се задебелени и светкави.

Освен тоа распоредот на буквите е со совршен проред и без непотребен празен простор.

kako-da-prepoznaete-originalen-victoria-s-secret-parfem-i-ushte-5-drugi-proizvodi-11.jpg

Пудра за лице Estѐe Lauder

Уште еден релативно поскап козметички производ, кој често има свои копии. Кога купувате ваква пудра, прво треба да обрнете внимание на фонтот кој треба да е совршено позициониран со идентичен фонт, а на допир буквите се малку испакнати.

kako-da-prepoznaete-originalen-victoria-s-secret-parfem-i-ushte-5-drugi-proizvodi-12_copy.jpg

Кај оригиналната пудра на дното има прикачена етикета и има 4 видливи детали: кодот на продуктот, бојата, серискиот број е втиснат на етикетата и на шишето има уште еден број.

Кај копиите може да е копирана бојата и серискиот број, но нема да ги најдете втиснатите броеви на шишето.

kako-da-prepoznaete-originalen-victoria-s-secret-parfem-i-ushte-5-drugi-proizvodi-13.jpg

Hermѐs Birkin чанта

Чантите Hermѐs Birkin се едни од најскапите, но и најпосакуваните.

kako-da-prepoznaete-originalen-victoria-s-secret-parfem-i-ushte-5-drugi-proizvodi-14.jpg

Факт е дека тие се продаваат по огромни суми, па самото тоа што ќе ги најдете по релативно ниска цена треба да ви укаже на тоа дека најверојатно се работи за копија.

Но, за да се уверите, обрнете внимание и на следните детали:

Погледнете на металниот дел од ременот напред. Името на брендот треба да биде изгравирано со совршени букви.

kako-da-prepoznaete-originalen-victoria-s-secret-parfem-i-ushte-5-drugi-proizvodi-15.jpg

Исто така на внатрешниот дел од ременот треба да има сериски број на чантата.

kako-da-prepoznaete-originalen-victoria-s-secret-parfem-i-ushte-5-drugi-proizvodi-16.jpg

Погледнете го задниот раб на чантата. Кај оригиналните чанти сите рабови се елегантни, па дури и преклопот што секогаш се наоѓа на задниот дел од чантата е речиси незабележителен.

Кај копиите ќе забележите дека тоа преклопување е грубо и мошне впечатливо.

kako-da-prepoznaete-originalen-victoria-s-secret-parfem-i-ushte-5-drugi-proizvodi-17.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Најлесно се откриваат со магнет - Во што се разликуваат лажните монети од 2 евра од вистинските? Обрнете внимание на изгледот, тежината и големината на монетите... Како да препо...
Чанти, патики, џојстик – Како да препознаете евтини копии од оригинали? Како да препознаете оригинал патики од копии? На што треба да внимавате кога куп...
Како да откриете дали купувате оригинал или ви продаваат копија од познатите брендови? Патики Adidas, часовници на брендот Tissot, но и iPhone мобилни - како да п...
Работи кои може да ги најдете на попуст и е корисно да ги купите при крајот од летото Имате деца? Па, купувањето лулашка, лизгалка, трамбулина или други игр...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...
Збунувачки фотки што треба да ги погледнете двапати за да ви станат јасни Многу реалистичен графит, куче кое изгледа како да има многу долг врат… Многу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg