6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите

4. Се приспособувате на други луѓе

Секогаш се приспособувате на туѓите желби и на крај завршувате во кино на филм што не ви се допаѓа, но е по ќеф на пријател/партнер, одите на места кои не ви се по мерак зошто некој друг сака таму и јадете јадења само за да не навредите некого.

Во ред е да си кажете први што сакате и да си го остварите наместо да го ставате во заднина вашиот ќеф.

6-znaci-koi-se-dokaz-deka-gazite-preku-sebe-za-da-im-udovolite-na-drugite-05.jpg

5. Постојано се извинувате за сè

Ако сте човек кој е научен на секого да му удоволува, кога и најмало нешто ќе се случи што не е по план, веднаш го сметате за ваша грешка и се извинувате за секаква ситница над која можеби и немате контрола.

Дури и кога е нечија друга грешка, вие секогаш пробувате да најдете вина во себе дека можеби не сте се изразиле добро и слично.

Оставете луѓето да преземат одговорност наместо вие да го правите тоа и секогаш да сте виновни.

6-znaci-koi-se-dokaz-deka-gazite-preku-sebe-za-da-im-udovolite-na-drugite-06.jpg

6. Глумите дека се сложувате со другите

Луѓето кои се „удоволувачи“ избегнуваат дискусии и често се преправаат дека се сложуваат со туѓите мислења дури и ако не е така.

Но, со тоа што мрзеливо потврдувате сè што ќе каже некој и не влегувате во дебата, не си ги искажувате сопствените ставови, но ја пропуштате и можноста луѓето да ве доживеат како изградена личност, но не можете ниту да пронајдете истомисленици.

6-znaci-koi-se-dokaz-deka-gazite-preku-sebe-za-da-im-udovolite-na-drugite-07.jpg

Неколку совети како да престанете да бидете „удоволувач“ на туѓи потреби:

1. Пред да кажете ДА на нечие барање, дајте си малку време и размислете дали го сакате тоа, дали можете да го направите, колку време ќе ви одземе, колку труд ќе биде потребно, па дури потоа одговорете.

2. Пробајте да кажувате НЕ на мали незначајни барања или да го искажувате вашето мислење на посекојдневни теми. Почнете од некаде и вежбајте.

3. Поставете граници – не можете да бидете достапни за секого во секое време.

4. Размислувајте на вашите желби и потреби? Што сакате? Што ви е потребно? Пробајте да го реализирате тоа, дури и ако е прошетка до некое место.

5. Помагајте кога сакате и кога сте во можност. Љубезноста и дарежливоста се одлични, но не по секоја цена.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg