Кога би имале шанса да се родите од почеток...

koga-bi-imale-sansa-da-se-rodite-od-pocetok-povekjeПостои една мудра поговорка за која не тврдиме дали е вистинита или не – ваше е дали ќе одберете да го живеете животот според неа или спротивно.


Подобро е да жалите за работите кои сте ги направиле во животот, отколку да жалите за оние кои не сте ги направиле“.

Ерма Бомбек е американска писателка која ја загуби битката со болеста.

Но, ова е нејзиното размислување:

„Кога би можела да живеам повторно...“

Би останала во кревет кога сум болна, наместо да се преправам дека Земјата ќе престане да се движи ако не сум јас присутна.

Би ја запалила црвената свеќа направена во форма на ружа пред да се стопи во шпајзот од топлото.

Помалку би зборувала и повеќе би слушала.

Би ги повикала пријателите на вечера дури и ако е тепихот исфлекан или каучот избледен.

Би јадела пуканки во дневната соба и помалку би се грижела за нечистотијата ако сакаме да го запалиме каминот.

Би одвоила време за да го ислушам дедо ми и лутањето низ неговата младост.

Никогаш не би инсистирала прозорите во автомобилот да бидат затворени сред лето само за мојата коса да остане исфризирана и уредена.

Би седела на тревата (без оглед на дамките).

Помалку би плачела и би се смеела пред телевизорот, а повеќе набљудувајќи го животот.

Никогаш не би купила нешто само затоа што е практично и затоа што има доживотна гаранција.

Наместо да сакам што побргу да поминат деветте месеци бременост, би го ценела секој момент и би сфатила дека во мене расте нешто преубаво и магично.

Кога децата би се стрчале од надвор да ме бакнат, не би им рекла: Подоцна ќе се гушкаме, сега измијте ги рацете пред ручек.“

Би користела многу повеќе „те сакам“ отколку „жал ми е“.

Кога би добила друга прилика за живот, би ја ценела секоја минута, би гледала напред без да се вртам назад.

Престанете да се потите за мали нешта.

Престанете да се грижите кој не ве сака, кој има повеќе или кој што работи.

Наместо тоа, почнете да ги цените односите кои ги имате со оние кои ве сакаат.

Размислете со што сте благословени и што правите секој ден за да се подобрите себе си умствено, физички и емоционално.

Што би промениле вие кога би имале шанса да започнете нов живот од почеток?

Би можело да ве интересира:

Синди Лопер, Блонди - Како изгледаат денес пејачите чии хитови ги пеевме на цел глас во диско? Девојките беа заљубени во Мортен од A-ha, момците, пак, во Сабрина Солерно и Лен...
Избегнувајте штипки за коса - Што треба да имате предвид кога се облекувате за долг лет со авион? Зошто во авион не треба да носите штипки за коса, отворени чевли или комплициран...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Хари ќе му биде замена додека да порасне: Што ако принцот Џорџ стане крал пред да наполни 18? Принцот Хари може да биде назначен за регент, односно владетел кој го заменува м...
14 забавни фотографии кои раскажуваат неочекувани приказни „На татко ми му купив картонска фигура од Мистер Бин во реална големина и сега ј...
7 супер трикови со кои ќе изгледате повисоко и послабо на фотките Не го стегајте рамото до телото, туку оддалечете ја раката од торзото; застанете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg