Позитивност и самодоверба
Честопати застанувате пред огледало и се критикувате самите себе си. Депримирани од вашиот изглед се плашите да му покажете на светот кои сте вие.
Но, во таквите моменти сетете се дека вие сте еден сокриен ковчег со богатства кој чека да биде откриен.
Само присетете се на вашите убавини, зарем постои човек кој е совршен?
Дури и оној кој се смета за таков, има некаква мана која го прави ист како останатите.
Застанете уште еднаш пред огледало и погледнете - Господ ви подарил раце за да можете да ги прегрнете другите, нозе за да чекорите и откривате нови и убави работи, очи за да ја воспримате убавината на денот и сите пропратени бои со неа, усни за да се смеете, некој талент кој ве издвојува од другите...
Зарем ќе дозволите вашата негативна енергија или некој недостаток да го наруши тој совршен систем од вредности?
Ќе дозволите некои ситници да ве запрат на патот до среќата, Застанете повторно пред огледало. Погледнете.
Ете го тоа совршено суштество, тоа сте вие, секој од нас.
Бидете позитивни, почитувајте се, понекогаш прекорувајте се, но запомнете дека вие вредите, Секој е убав на свој начин. Научете Вие самите да се сакате со сите ваши недостатоци, затоа што само така другите ќе ве почитуваат, сакаат и ценат.
Затоа што ако луѓето би се оценувале со бројки, тогаш секој од нас заслужува 10ка, зар не?
Н.Буџакоски