Цртежи што можете да ги цртате со децата и да им измамите насмевка на лицата
Како да нацртате лав, папагал или, пак, јаболко со црв со помош на вашите дланки? Креативни идеи за цртање што сигурно ќе им бидат забавни на вашите деца (а можеби и на вам).
Кога имате мали деца, многу често им цртате сè и сешто за да им го привлечете вниманието, да ги „заиграте“ додека ги терате да јадат, да ги расположите, или едноставно да си поминете убаво заедно. Знаете ли колку куќи, семејства, пеперутки, сонце и месечина или разни животни сте нацртале досега?
Без разлика дали сте талентирани за цртање или не, тие ќе уживаат во секој ваш цртеж.
Но, ако сакате да им измамите насмевка на лицата, и да се забавувате заедно, погледнете ги следниве цртежи и научете (а научете ги и нив) како да цртате животни со помош на дланката и прстите:
Папагал
Спојте ги прстите колку што можете поблиску еден до друг и направете линија околу целата дланка за да ја исцртате силуетата од папагалот.
Лав
Ставете ја дланката свиткана во тупаница над хартијата, па малку поткренете ги показалецот и малиот прст.
Паун
Раширете ги прстите од едната дланка, па до неа и прстите од другата рака...
Морско коњче
Стегнете ја дланката во тупаница, па отворете ги палецот и показалецот - вака ќе ја добиете главата на морското коњче.
Овца
Раката стегнете ја во тупаница, па малку опуштете ги прстите - потоа исцртајте линија околу нив.