Подароци кои не треба да им ги купувате на најблиските (и што да изберете наместо тоа)
Букет цвеќе
Цвеќињата се убав подарок, но имаат краток рок на траење. Ако им подарите на блиските мал букет без повод, тоа е во ред.
Но, ако имате повод за подарување, избегнувајте ги букетите. Во тој случај е подобро да купите цвеќе во саксија кое ќе ги потсетува на вас кога и да го погледнат.
А за да биде вистинско изненадување, испратете го цвеќето преку служба за испорака, но додајте лична порака.
Вага и тегови
Многу луѓе сметаат дека е навредливо да им подарите спортски реквизити или вага за мерење, оти на тој начин индиректно сакате да им кажете дека се дебели.
Ако веќе сакате да им подарите некаков фитнес реквизит, тогаш изберете паметен часовник кој ќе им ги покажува резултатите од нивните секојдневни физички активности и животни навики.
Долна облека
Многу луѓе сметаат дека најлошиот подарок што може да го добијат од некој близок е долна облека.
Таа почесто е купена по вкус на оној што подарува, а не оној што треба да го добие подарокот.
Многу често може да ја згрешите и големината, па таа да е неудобна за носење.
Ако сакате да подарите нешто од овој вид, тогаш е подобро да изберете пижами.
XXL облека
Купувањето парчиња облека не е лоша идеја, сè додека изберете нешто соодветно за оној што треба да го добие подарокот.
Имајте предвид кои се омилените брендови на личноста за која купувате и никогаш не купувајте облека која е еден број поголема, од страв дека може да им биле мала.
Наместо широките парчиња облека, одлична идеја се бели патики или кожен ремен.
А. Ј. | Црнобело