Психолошки трикови со кои ќе дознаете дека некој ве симпатизира, низ илустрации
Нагласуваат дека се сингл
Обрнете внимание на разговорот. Ако личноста во неврзан разговор ви каже дека е сингл и не се гледа со никого, тоа би можело да значи дека ве кани да го направите првиот чекор.
Ве задеваат
Ако за време на разговорот забележите дека ве задеваат, се шегуваат со вас или на ваша сметка, тоа може да значи дека им се допаѓате, а на тој начин флертуваат со вас.
Сепак, запомнете дека шегите се во ред сѐ додека се забавни, а не треба да бидат насочени за работи за кои се чувствувате несигурни.
Си играат со предметите во нивна близина додека разговараат со вас
Ако некој се чувствува нервозен или несигурен околу вас, ќе си игра со косата, накитот или ноктите.
Ова може да биде знак и дека чувствуваат привлечност која се обидуваат да ја прикријат, па затоа се нервозни.
Ги имитираат вашите движења
Познато е дека луѓето ги имитираат личностите што им се допаѓаат, па ги повторуваат нивните гестикулации, држења на телото, фразите, па дури почнуваат да ги следат нивните вкусови за музика и храна.
Б. С. Б. | Црнобело