Самоубиства, сообраќајки, убиства: Проклетството што ги следи актерите од ретро серијата „Power Rangers“

Еден од актерите изврши самоубиство на 50-годишна возраст, една од актерките загина во сообраќајка на само 27 години, а друг актер со помала улога во серијата станал убиец... Дури 35 од актерите кои глумеа во популарната детска серија Power Rangers имале страшна судбина.

prokletstvoto-koe-gi-sledi-akterite-od-serijata-mokjni-rendzeri-malku-od-niv-se-denes-megju-zivite-01.jpg

Дури 35 актери кои глумеа во популарната детска серија Power Rangers денес повеќе не се меѓу живите, а многу од нив починаа многу млади.

На почетокот имаше шест ренџери: жолт, син, зелен, црвен, розов и црн. А, судбината на поголемиот дел од екипата на оваа серија е во најмала рака бизарна и скандалозна.

Еден од актерите, Џејсон Дејвид Френк, кој во серијата од 1993 до 1996 година го глумеше ликот на Томи Оливер (Зелениот ренџер, а потоа и Белиот), се самоуби на 50-годишна возраст.

Сè уште не е познато зошто Френк, кој беше татко на четири деца, си го одзел животот, а неговиот претставник за медиуми тој период ѝ порача на јавноста да ја почитува неговата и приватноста на неговото семејство.

Актерот Роберт Л. Манхан кој го глумеше ликот на Зордон кој всушност и ги создал ренџерите, почина од срцев удар на 43-годишна возраст

Актерката Туј Транг, која го глумеше ликот Трини (Жолтиот ренџер), беше дел од серијата од 1993 до 1994 година и учествуваше во снимањето на најмалку 81 епизода, загина на 27-годишна возраст во сообраќајна несреќа која се случи во 2001 година.

Актерот Ричард Џенел, кој го глумеше Ерни и беше дел од серијата од 1994 до 1997 година, во текот на животот се бореше со разни зависности како пушење и неумереност во исхраната.

Токму затоа и ја напушти серијата - за да се соочи со проблемите и да ги реши. 

Ослабе 40 килограми, а потоа во 2008 година, на само 47 години почина од срцев удар.

Актерката Рита Репулсу која го играше ликот на Мачико Сога почина од рак на панкреас, а Белата ренџерка Пера Рутер почина од тумор на мозок.

Ракот исто така беше причина за смртта на Едвард Алберт, кој го глумеше таткото на Црвениот ренџер.

За некои од ликовите, гласот го позајмуваше актерот Боб Папенбрук, кој починаа од хронични болести на белите дробови, а од пневмонија почина и Џек Бенинг, кој го глумеше професорот Феноменус.

prokletstvoto-koe-gi-sledi-akterite-od-serijata-mokjni-rendzeri-malku-od-niv-se-denes-megju-zivite-02.jpg

Продолжува на следната страница



Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива Алберт Фиш е еден од најозлогласените сериски убијци кој бил и канибал. Откако б...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg