Породување, камен во бубрег: Најсилни болки кои може да ги почувствува човекот
Перитонитис
Перитонеумот е тенка обвивка што го покрива не само внатрешниот ѕид на абдоменот, туку и повеќето стомачни органи. Кога оваа обвивка е воспалена, тоа се нарекува перитонитис и е ужасно болно.
Кога ќе се открие во рок од 48 часа, оваа состојба може да се третира со силна доза антибиотици, рехидратација, понекогаш и операција. Ако не се лекува, оваа состојба скоро секогаш е фатална.
Превртување на тестиси и јајници
Кога мажот ќе доживее превиткување на тестисите или жената ќе доживее свиткување на јајниците, болката е многу голема.
Кога се прекинува снабдувањето со крв до тестисите, тоа резултира со болки, а со итна операција има добри шанси тестисот да се спаси. Исто се однесува и за јајниците кај жените.
Фрактура на пенисот
Фрактурата на пенисот, позната и како „најлошиот кошмар на секој маж“ се смета дека е една од најболните повреди. Жртвите доживуваат ненадеен напад на ужасна болка, оток и модринки.
За среќа, ако се третира брзо (обично со операција), структурата може целосно да се обнови, но… сеќавањето на болката може долго да трае.
Деркумова болест
Деркумовата болест се карактеризира со повеќекратни, масни, бенигни тумори кои генерално растат на трупот на телото. 85% од дијагностицираните случаи се јавуваат кај жени, а состојбата честопати е поврзана со дебелината.
Сепак, забележана е и кај мажи и кај луѓе кои не се дебели. Болката од туморите е толку силна, што некои луѓе ги прави целосно онеспособени.
Обичните нешта како туширање или облекување може да предизвикаат екстремна болка. Причината за Деркумовата болест не е позната, а третманот генерално се состои од лекување на симптомите кои се појавуваат.
Тригеминална невралгија
Оваа болка најчесто се опишува како гром да удира во лицето. Почеста е кај жените отколку мажите, а се проценува дека барем еден од 20.000 луѓе ја искусува оваа болка.
Не постои лек за тригеминална невралгија, но честопати болката се става под контрола со терапија и лекови. Болката најчесто ја зафаќа едната половина од лицето, поретко и двете, а епизодите може да траат од само неколку секунди до неколку часа.
М. Ѓ | Црнобело
Би можело да ве интересира:





