Модерни бон-тон правила кои треба да ги почитуваме во секојдневието
Избегнувајте да го користите телефонот кога сте во друштво на други луѓе. Ако сепак мора да одговорите на повик, порака или мејл, извинете се.
Кога снимате видеа во јавност, почитувајте ги другите луѓе – ако некој не сака да го снимате, послушајте го. Потоа, немојте да користите случајни минувачи за да снимате шеги за социјалните мрежи и слично.
Ако ставите некој на спикер додека зборувате на телефон, кажете му го тоа. И, не користете спикер во јавност.
Кога купувате подарок за бебе, препорачливо е да ја чувате сметката, особено ако станува збор за облека, за родителите да можат да ја заменат доколку не е точна.
Кога каните гости на ручек, прашајте ги дали имаат ограничувања во храната – дали се алергични на нешто, дали постат, дали се вегетаријанци…
Кога одите на гости, не се појавувајте со празни раце – однесете барем шише вино или бонбониера.
Кога запознавате некој, немојте сами да погодувате дали е во врска, во брак или сингл. Најдобро е и да не прашувате, туку да почекате соговорникот сам да ви каже ако смета дека има потреба.
-->
-->
Спирова С. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото)
„Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...

13 работи кои ги правите на доктор, а не треба (не се според бон-тон)
Не го откажувате терминот на „Мој термин“, прашувате за здравјето на други пацие...

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат
„Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот
Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото)
„Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата
„Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...