8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно
Футрола за паметен телефон
Со оглед на тоа што паметните телефони се скапи, не треба да штедите кога купувате футрола. Изберете ги оние што се изработени од силиконски материјали, затоа што многу подобро ги ублажуваат ударите и го штитат телефонот, иако пластичните се значително поевтини, но не ја нудат потребната заштита.
Постелнина
Иако памучната постелнина ви изгледа како најдобро решение затоа што е евтина и е изработена од природни материјали, вистината е дека подобро е да вложите пари и да купите чаршафи изработени од свила или други поскапи природни материјали.
За разлика од памукот кој задржува влажност и е идеален за создавање микроорганизми, свилата не привлекува алергени, поиздржлива е и многу попријатна на допир.
Навлажнувач за воздух
Многумина сметаат дека нема потреба да купуваат навлажнувач за воздух затоа што воздухот во домот лесно може да се навлажни со алтернативни методи.
Но, вистината е дека модерните навлажнувачи имаат сензори за влажност на воздухот, не се премногу бучни и се исклучуваат кога нивото на влажност во домот е на задоволително ниво.
Завеси за затемнување
Ако купувате завеси што треба да ви го затемнат просторот добро е да вложите во материјали што се потешки, поквалитетни и воопшто не пропуштаат светлина.
Запомнете, кога има надворешна светлина, очите не можат да се опуштат во целост и заради тоа нема да имате квалитетен сон.
Б. С. Б. | Црнобело