Во кое годишно време се родени луѓето со најлош карактер?

Дали сте храбри и издржливи, темпераментни и амбициозни или себични може да зависи од годишното време во кое сте родени. Се верува дека тоа често влијае врз карактерот на личноста.

vo-koe-godishno-vreme-se-rodeni-lugjeto-so-najlosh-karakter-01.jpg

Годишното време во кое сте родени може значително да влијае врз вашиот карактер, личност и судбина.

Постои верување дека влијанието на промената на годишните времиња се манифестира кај луѓето додека сѐ уште се во утробата, а потоа и по раѓањето. 

Како се одразува годишното време во коешто сте родени врз вашиот карактер?

Пролет

Луѓето родени напролет обично ја носат титулата најголеми оптимисти. 

Секој проблем го гледаат како можност за личен развој и напредок. 

Нивното високо ниво на оптимизам често ги води до среќа во животот. 

Исто така, се смета дека децата родени во април се најкреативни личности, често наклонети кон уметност, со голема желба за успех. 

Луѓето родени во март и април се родени лидери – често заземаат лидерски позиции и знаат како да водат тим. 

Се претпоставува и дека луѓето родени напролет се помалку склони кон развој на алергии.

kako-godishnoto-vreme-vlijae-vrz-vashiot-karakter-vo-koj-period-se-rodeni-lugjeto-so-najlosh-tabiet-02_copy.jpg

Лето

Децата родени во текот на летните месеци исто така имаат високо ниво на оптимизам, но се значително поамбициозни од оние родени напролет. 

Сепак, тие можат да бидат склони кон ненадејни промени во расположението и себичност. 

Нивната интуиција е поизразена.

Функционираат како да имаат „внатрешен часовник“, што значи дека нивните тела подобро го сигнализираат времето за будење, јадење и спиење и лесно се адаптираат на промените на времето и температурата. 

Родените налето обично се темпераментни и секогаш подготвени за забава, лесно воспоставуваат контакти и сакаат дружење. 

Тие, исто така, често се мотивирани да постигнат успех и на училиште, и на работа. 

Сепак, се претпоставува дека кај нив е зголемен ризикот од појава на проблеми со видот и алергија на глутен.

kako-godishnoto-vreme-vlijae-vrz-vashiot-karakter-vo-koj-period-se-rodeni-lugjeto-so-najlosh-tabiet-03.jpg

Есен

Луѓето родени во есен често осцилираат помеѓу целосна рамнодушност и перфекционизам. 

Овој период од годината често се смета за сив и мрачен, но се претпоставува дека овие личности се најмалку склони кон депресија. 

Тие имаат силни когнитивни способности и често се најуспешни на училиште. 

Издржливи се и силни, но се изложени на поголем ризик од астма и алергии на одредени видови храна.

Интересно е што постаро истражување спроведено на милион луѓе во Данска и Австрија покажало дека луѓето родени меѓу октомври и декември живеат најдолго.

kako-godishnoto-vreme-vlijae-vrz-vashiot-karakter-vo-koj-period-se-rodeni-lugjeto-so-najlosh-tabiet-04.jpg

Зима

Луѓето родени на зима често покажуваат креативност и генијалност уште од детството. 

Тие имаат тенденција да работат како тим, особено бебињата родени во јануари. 

Обично се автентични и се издвојуваат по нешто. Зимските деца се сметаат за најљубезни и обично весели по природа. 

Сепак, истражување на Универзитетот во Кардиф покажало дека тие имаат зголемен ризик од нагло зголемување на хормонот на стрес, кортизол, и затоа се сметаат за најранлива група во однос на менталното здравје.

kako-godishnoto-vreme-vlijae-vrz-vashiot-karakter-vo-koj-period-se-rodeni-lugjeto-so-najlosh-tabiet-05.jpg

Секако, не ги земајте „здраво за готово“ овие информации, бидејќи карактерот и личноста се сложени и обликувани од различни фактори, вклучувајќи ги генетиката, околината и личното искуство.

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
6 неочекувани навики поради кои никогаш не сте доволно наспани Вежбате навечер и носите несоодветни пижами – кои навики можат да имаат негативн...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg