Само 3 лица успеале да побегнат од озлогласениот затвор Алкатраз - Како им успеало?
Веруваме дека сте слушнале за познатото бегство од Алкатраз во 1962 година. Тројца затвореници го направиле невозможното и избегале од островот, но никој не знае дали стигнале до брегот или загинале во студениот океан. Како воопшто успеале да избегаат?
Сите сме слушнале за Алкатраз – озлогласениот затвор сместен на остров покрај Сан Франциско.
Своевремено, бегството од овој затвор се сметало за невозможно, а сите обиди за ова завршиле безуспешно. Освен можеби еден.
Во 1960-та, тројца затвореници успеале да избегаат од островот, но до денес не е познато дали стигнале до брегот или се удавиле во студената вода.
Односно, ниту се најдени нивните тела, нити, пак, се лоцирани каде било како живи.
Во сите години додека затворот бил во функција, ниту еден не стигнал подалеку од тројцата затвореници, па приказната за нивното бегство веќе е култна.
Па, како тројцата затвореници успеале во навидум невозможното?
Најпрво важно е да сфатите колку навистина било невозможно бегството од затворот.
Затворот се наоѓа на островче во Тихиот Океан, во близина на брегот на Сан Франциско. Водата е постојано студена, а водните струи се силни, па ова е можеби најголемата заштита на затворот.
Покрај тоа, затворениците биле затворени во келии со железни шипки, а низ целиот остров имало стратешки поставени чувари.
И правилата биле мошне строги – затворениците биле проверувани неколкупати дневно и било практично невозможно да испланираат бегство, уште помалку да се обидат.
Тројцата мажи кои избегале се Френк Морис, Џон Англин и брат му Кларенс Англин.
Тие имале помош и од уште еден затвореник – Ален Вест – кој не успеал да избега со нив.
Френк Морис многупати била апсен за разни злодела – од поседување дрога, до вооружен грабеж.
Еднаш ограбил и банка, поради што добил 10-годишна казна затвор. Но, успеал да избега, а откако бил фатен во јануари 1960-та, го префрлиле во Алкатраз.
Наводно, коефициентот на интелигенција на Френк изнесувал 133.
Френк Морис
Џон и Кларенс Англин честопати ограбувале банки и продавници. Кога конечно биле фатени за поголем грабеж, добиле 35-годишна затворска казна.
Бидејќи неколкупати се обидувале да избегаат од затворот во којшто биле затворени, во 1960 биле префрлени во Алкатраз.
Кларенс Англин
Џон Англин
И Ален Вест бил крадец кој бил апсен над 20 пати во текот на животот. Бил затворен по грабеж на автомобил, но и тој, како останатите, се обидувал да избега.
Поради ова, во 1957-ма бил префрлен во Алкатраз.
Ален Вест
Четворицата затвореници се познавале меѓусебе од претходните затвори, а се зближиле бидејќи во Алкатраз келиите им биле во непосредна близина.
Под водство на Френк, кој бил познат по интелигенцијата, тие почнале да прават план за бегство. И, го реализирале.