7 трикови како да изгледате добро на фотографии
Често си помислуваме „Како тоа, на огледало изгледам супер, а на фотографиите страшно?“. Сепак, постојат одредени трикови кои ќе ви помогнат...
...да изгледате одлично на фотографиите, а нив добро ги знаат фотографите, ѕвездите и манекенките.
1. Лицето нека ви биде во висина на објективот. Ако биде над објективот, сенката ќе ви ги истакне подочниците и ќе изгледате набиени.
2. Испружете ја едната нога понапред, нозете ќе ви изгледаат подолги.
3. Ставете ја раката на горниот дел од струкот. Тоа ќе ве издолжи и ќе ја обликува вашата фигура.
4. Немојте да се прчите со усните. Ако сакате устата да ви изгледа пополна, само благо отворете ја во моментот кога ќе светне блицот. Апаратот нема да реагира на движењето, па „грешката“ ќе ви ја пополни устата.
5. Ако имате масна кожа, за да не светите на фотографиите како да ве полиле со масло, користете камена пудра.
6. Немојте да правите крајно неприродни потези и обидете се да се сликате спонтано.
7. Вежбајте малку пред огледало и откријте ги своите добри и лоши „моменти“. Најголем бонус на секоја манекенка е токму самодовербата, односно ставот.
Слободно додадете го вашиот совет!