Готвење vs. достава, чистење vs. ангажирање хигиеничарка: Колку животот денес е поинаков од порано, низ илустрации?
-->
Храната ни ја носат дома, за викендите сакаме да се одмориме наместо да чистиме, плаќаме друг да ни го исчисти домот... Зошто постарите генерации веруваат дека младите се мрзеливи и неодговорни?
Нашиот живот денес е многу различен од оној на нашите родители или на нашите баби и дедовци.
-->
Ова се должи најмногу на технологијата, која во голема мера ни го олеснува секојдневието – не мора да излезете од дома за да одите на работа, не мора да чистите или да готвите ако не сте расположени.
Поради сето ова постарите генерации имаат впечаток дека сме мрзеливи, не сакаме да се потрудиме за ништо и не сакаме да преземаме никаква одговорност.
Со кое однесување им оддаваме впечаток на постарите генерации дека сме неодговорни?
Веќе не е неопходно сами да одиме во продавница и да ги носиме ќесите со намирници – можеме да порачаме онлајн и да ни ги достават дома за помалку од половина час.
Храната може да се купи полуготова, па не мора со часови да стоиме над шпоретот и да готвиме ако немаме ни желба, ни сила за тоа.
-->
-->
Иако, секако, храната подготвена од овие полуготови производи понекогаш не изгледа толку импресивно, како онаа што е зготвена дома.
-->
Брзото темпо на живот некогаш не ни дозволува да седнеме и да јадеме полека дури ни полуготова храна, a не пак храна со вистинска хранлива вредност – полесно е да ги дојадеме остатоците од претходниот ден од зготвената храната што сме ја купиле/порачале.
За викендите повеќе сакаме да се одмориме, отколку да чистиме и готвиме низ дома.
-->
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите
Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца
Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Нуркање со ајкули и уште 19 опасни туристички атракции за „зависници“ од адреналин
Дали би се качиле на зиплајн? А, дали би нуркале затворени во кафез покрај ајкул...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите?
Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
7 типови патници кои ќе ги сретнете во јавен превоз и веднаш ќе сакате да избегате (низ илустрации)
Гласен патник чиј телефонски разговор го слушаат сите, дете штио упорно удира на...
Каква би била реалноста ако жените си ги сменат улогите со мажите, низ илустрации
Што ако се сменат улогите и жените почнат како (некои) мажи да зборуваат дека мо...